Турските беспилотни летала активни во гаснењето на над 2.000 шумски пожари минатата година

June 13, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Беспилотните летала од турско производство одиграа активна улога во напорите за гаснење на над 2.000 шумски пожари минатата година, јавува Анадолу.

Беспилотните летала преземаат важни задачи за набљудување и откривање на шумските пожари и ефикасна интервенција при пожари, покажуваат податоците на Генералната управа за шумарство (OGM).

Беспилотните летала се од суштинско значење за набљудување и откривање на шумските пожари, како и за ефикасна интервенција, според податоците од Генералниот директорат за шумарство на Туркије.

Беспилотните летала Бајрактар ТБ2 и Аксунѓур на компаниите од одбранбената индустрија Бајкар и Турската аеровселенска индустрија, се користат во активностите за рано предупредување и гаснење од 2020 година.

Околу 2.500 шумски пожари и 3.000 рурални пожари се случија во Туркије до 15 ноември минатата година.

Во периодот од 1 јуни до 15 ноември минатата година, беспилотните летала откриле 546 од 1.300 шумски пожари, и 1.500 од 1.900 рурални пожари, со што вкупно детектирани се над 2.000 пожари.

– Рано предупредување од далечина преку термални камери –

Термалните камери поставени на беспилотните летала им овозможуваат да детектираат дури и квадратен метар топлина од извор што создава мал отсјај од 100 километри.

Снимката потоа се испраќа до Центарот за справување со пожари во главниот град Анкара, кој дава инструкции на персоналот во погодената зона, благодарение на инфраструктурата развиена од Бајкар.

Покрај откривањето пожари кои веќе почнале да горат, беспилотните латала постојано ги мониторираат шумите со камери за надзор и системи за термичка слика за откривање на потенцијални пожари.

– 14 беспилотни летала на должност оваа година –

Времето на одговор на беспилотните летала на пожари оттогаш е намалено од 45 минути на 11 минути, со цел ова дополнително да се намали на 10 минути.

Околу 14 беспилотни летала ги мониторираат шумските пожари во Туркије оваа 2024 година. Дополнително, системот за рано предупредување за шумски пожари наречен „Oyesus“ ќе помогне во развојот на институционалниот капацитет и рано откривање на шумските пожари.

Софтверот „Oyesus“ ќе ги анализира сликите од шумите во радиус од 15 километри и ќе може да открие чад за 15 до 25 секунди.

Проектот за справување со пожари, карта за динамична опасност од пожари со вештачка интелигенција, исто така ќе се користи за предвидување на шумските пожари и за претпазливост.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 80 патници загинаа при потонувањето на брод во Демократска Република Конго

Следно

Скопје домаќин на Самит на шефовите на држави и влади од југоисточна Европа

Latest from Blog

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клуч за економски развој и регионално поврзување

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Перез: Против нас се водат планирани напади, нема да си одам, останувам претседател!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави дека нема намера да ја напушти функцијата. 79-годишниот функционер, исто така, ги негираше извештаите дека има сериозна болест. „Многу ми е жал што морам да
Go toTop