Екстремно десничарската АфД стана најсилната партија во источна Германија

June 10, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Екстремно десничарската партија АфД освои најмногу гласови во пет сојузни покраини во источна Германија на неделните избори за Европскиот парламент, што е одраз на растечката политичка поделба во земјата, јавува Анадолу.

Според прелиминарните резултати, оваа антиимигрантска партија освоила 31,8 отсто од гласовите во Саксонија, 30,7 отсто во Тирингија, 30,5 отсто во Саксонија-Анхалт, 28,3 отсто во Мекленбург-Западна Померанија и 27,5 отсто во Бранденбург.

Поддршката за АфД во поранешните комунистички покраини на Источна Германија беше значително повисока од нејзиниот резултат остварен на национално ниво од 15,9 отсто.

Тоа беше најдобриот резултат на АфД досега за Европскиот парламент, што ја прави втора по големина партија во Германија.

Излезните анкети покажаа дека повеќето гласачи на АфД се загрижени за нивната економска благосостојба и бараат посилни мерки за запирање на нерегуларната миграција.

Дури 94 отсто од гласачите на АфД изразија загриженост дека влијанието на исламот во Германија „станува премногу силно“.

Според репрезентативната анкета на јавниот емитер АРД, 51 отсто од оние што гласале за АфД изјавиле дека веруваат во политиката што ја води оваа партија. Околу 44 отсто од испитаниците рекле дека гласале за АфД поради протест или разочарување од другите партии.

АфД беше вмешана во голем број скандали во последниве години, вклучително и таен состанок на нејзините највисоки функционери заради планирање масовни депортации на имигранти, што предизвика сомнеж за посветеноста на партијата кон демократските вредности.

Германската домашна разузнавачка агенција го надгледуваше младинското крило на АфД и различни ограноци поради сомневање за антидемократски аспирации во партијата.

Во последниве години, истакнати членови на партијата предизвикаа контроверзии со нивните антиимигрантски, антисемитски и исламофобични забелешки. Критичарите ја обвинуваат АфД дека поттикнува ксенофобија и антимуслимански расизам во Германија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ГЕРБ води на изборите во Бугарија, но недоволно за самостојно владеење

Следно

Претседателот Ердоган во Анкара го пречека претседателот на Азербејџан Алиев

Latest from Blog

Приватните превозници во Скопје се исклучија од сообраќај

Приватните превозници ги повлекоа автобусите од сообраќај поради неразгледувањето на нивното барање за зголемување на таксата по километар на денешната седница на Советот на Град Скопје. Барањето било поднесено до претседателот на

Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ сакаат хаос на улиците, одбиваат на дневен ред да го ставаат барањето на приватните превозници

За да се продлабочи кризата во јавниот градски превоз, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје одбиваат на дневен ред да го стават барањето на приватните превозници , за зголемување на надоместот за

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, вели премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“

Започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ фондови за одржлива енергија

Активно работиме и посветени сме за достигнување на нашата цел – одржлив економски раст и енергетска независност на земјата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, на отворањето на

Укинат притворот на Горан Весиќ

Укинат му е притворот на Горан Весиќ, поранешниот српски министер за градежништво, неофицијално дознава Нова.рс. Горан Весиќ беше уапсен минатата недела поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, кога
Go toTop