Од урнатините спасени уште 5 лица дури 30 часа по земјотресите во Туркије

February 7, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Уште 5 лица се спасени од урнатините на зграда во турскиот град Хатај, дури 30 часа по земјотресите што вчера во раните утрински часови ги потресоа јужните делови на Туркије, известува Анадолу.

Бројни спасувачки тимови ги продолжуваат операциите за пребарување и спасување во обид да ги спасат луѓето останати заглавени под урнатините по разорните земјотреси.

Спасувачките екипи утрово успеаја од урнатините на зграда да спасат 65-годишна жена, по што таа е префрлена во болница.

Спасувачите, исто така, на подрачјето на Хатај успеаја од урнатините да спасат жена и маж.

Утрово од урнатините на седумкатница живи се спасени двајца мажи.

– Два разорни земјотреси вчера ја потресоа Туркије

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер вчера наутро во 4:17 часот со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш. И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.

Земјотресите се почуствуваа и во соседна Сирија, но и во Ирак, Либан, Египет и други региони.

Претседателот на Туркије Ердоган информираше дека во рзорните земјотреси што ги потресоа јужните делови на Туркије загинале 3.549 лица, а повредени се 22.168 лица. 

„Повеќе од 53.000 спасувачи, медицински и друг персонал се активни на подрачјето погодено од земјотресите, а со помошта од странство, таа бројка континуирано расте“,рече Ердоган.

Во акцијата за спасување досега се згрижени 338.000 лица во студентските центри и други објекти, а од урнатините живи се извлечени повеќе од 8.000 лица.

Туркије прогласи седумдневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градот Скопје испрати екипа на БППЗ Скопје во Газиантеп 07.2.2023

Следно

Герасимовски: Моја заложба е Центар да биде првата енергетски независна општина во државата

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,
Go toTop