ЕПП освои 181 пратеник, пред социјалдемократите со 135 и либералите со 82

June 9, 2024
1 min read

Десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) ќе остане најбројна политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници, покажуваат излезните анкети од европските избори што се одржаа од четвртокот до денеска во 27-те земји членки на ЕУ.

Трета политичка сила остануваат либералите со 82 мандати, пред десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 71 и екстремно десничарска групација Идентитет и демократија (ИД) со 62 места. Блокот на Зелените и Европска слободна алијанса (ЕФА) освои меѓу 53 европратеници, а Левицата 34 места.

Останатите 101 мандат во 720-члениот Европарламент им припаднаа на партиите што не се членки на ниту една европска група се очекува да освојат околу 55 места. Меѓу нив се и екстремно десничарската Алтернативата за Германија (АФД), италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), национал-конзервативната и десно популистичка Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, лево популистичката и националистичка Насока-Социјална демократија (Смер-СД) на словачкиот премиерот Роберт Фицо, социјалдемократската Глас-Социјална демократија (Хлас) на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини и германската левичарска и популистичка Алијанса на Зара Вагенкнехт (БСВ).

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова демократија со убедлива предност на европските избори во Грција по пребројани 40 отсто од гласовите

Следно

Сиљановска-Давкова го потпиша указот на Законот за реорганизација на министерствата

Latest from Blog

Трамп, Хегсет и Рубио доаѓаат на Балканот

„Сè уште не го знаеме точниот датум, има многу работи што се случуваат, но тој ќе дојде во Грција“, рече таа, според бриселскиот „Политико“. Таа додаде дека американскиот секретар за одбрана Пит
Go toTop