Парламентарни избори во ЕУ земјите

June 9, 2024
1 min read

Во земјите од Европската унија  денеска завршува гласачкиот циклус за европските избори, кој започна пред три дена. Овие избори за  европските претставници се одржуваат во различни денови.

Актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која се кандидираше за втор мандат, денеска во Германија гласаше на изборите за Европскиот парламент. Таа претходно на платформата X повика земјите членки со гласањето да ја покажат силата на демократијата. 

– Да ја покажеме силата на нашата демократија. Да ја направиме Европа, нашиот заеднички дом, посилна од кога било. – изјави Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен е водечки кандидат на централно-десничарската Европска народна партија  за претседател на Европската комисија, што значи дека гласачите на изборите за Европскиот парламент не можат директно да гласаат за неа, но индиректно ќе влијаат дали таа ќе биде избрана за уште еден мандат.

Инаку изборниот процес за нови пратеници за идниот петгодишен мандат на ЕП. Започна во четврток, на 6 јуни. Први гласаа граѓаните на Холандија. Денеска изборите се одржуваат во 21 земја членка на унијата. На целата територија на Европската Унија право на глас имаат околу 370 милиони граѓани. А Првите прелиминарни резултат се очекуваат доцна вечерва   откако ќе заврши гласањето во сите 27 земји-членки.

Сите анкети покажуваат дека во новиот состав на Европскиот парламент ќе има значително поголем број пратеници кои доаѓаат од десничарските партии. Колку претставници ќе има  секоја земја во Европскиот парламент се определува според големината на нејзиното население. Најмногу европски претставници ќе има Германија – 96, а  најмалку  Малта, Луксембург и Кипар – по шест. За да постои една политичка група во парламентот, таа мора да има најмалку 23 претставници кои доаѓаат од најмалку седум земји на ЕУ. 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Птичји рај во градот Игдир, на крајниот исток на Туркије

Следно

Топлотен бран и прашина од Сахара доаѓаат неделава

Latest from Blog

Како да се од некоја друга планета: БРИЛИЈАНТНА Франција!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Франција – Шведска 3:0. Уште едно блескаво, фантастично, брилијантно издание на „Триколорите“. Оваа Франција како да е од некоја друга планета.Оваа Франција е моќна, моќна. Вистински празник е за фановите да

Нетанјаху: Израел нема да се повлече од јужен Либан сè додека Хезболах е закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник ја посети либанската територија окупирана од израелската армија, велејќи им на војниците дека Израел нема да се повлече од југот на земјата сè додека Хезболах, групата

Новаковски: Со Изборниот законик се поигруваме со години, а препораките на ОБСЕ/ОДИХР стојат од 2008

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, во гостувањето во „Топ Тема“ упати сериозни критики кон начинот на кој се менаџираат измените во изборното законодавство во Македонија. Според него, државата веќе

Нов скандал во Италија: Бастони под истрага поради детска проституција

ФОТО:facebook.com/Inter Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони, кој е под истрага за детска проституција. Веста ја објави најугледниот италијански весник „Газета дело

Тежок пораз за Трамп

Трамп ја потпиша оваа наредба на првиот ден од неговото враќање на функцијата во јануари минатата година, кога започна нова кампања против нелегалната имиграција. Целта на наредбата беше да се одземе американското
Go toTop