СДСМ на отчетен Конгрес ќе ги анализира изборните резултати

June 9, 2024
1 min read

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ќе го одржи 29. Конгрес на кој, според најавите, ќе се анализираат причините за изборните резултати.

Досегашниот претседател на партијата Димитар Ковачевски по изборниот пораз седница на партискиот Извршен одбор што се одржа на 22 мај официјално го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ и побара свикување конгрес и организирање внатрепартиски избори.

– Ковачевски го потврди повлекувањето на седница на партискиот Извршен одбор на СДСМ која ја најави на 8 мај, како високо морален чин и согласно Статутот на партија иницираше свикување конгрес заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на партијата, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати, информира тогаш СДСМ.

Во меѓувреме, на 6 јуни заврши рокот за кандидирање за претседател на СДСМ. Во периодот од 31 мај до 6 јуни, рок определен за кандидирање, кандидатури за претседател на партијата поднесоа поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Александар Бајдевски.

Вонредните внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ ќе се одржат на 30 јуни. Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии и Одбори на избирачки места на локално ниво. Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат.

Периодот за активната регистрација e зголемен и изнесува 20 дена. Членовите ќе можат да се регистрираат преку две опции, преку онлајн алатката за активна регистрација што ќе биде достапна на интернет страницата на СДСМ во понеделник (03.06.2024) или втората опција преку општинските организации на СДСМ.

Централниот одбор на партијата предложил и измени на Статутот на партијата за мандатот на претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде четири години.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Трета по ред титула за Ига Швјонтек на Ролан Гарос

Следно

Бикот да се опушти, Девицата ќе оствари интересен контакт

Latest from Blog

Како да се од некоја друга планета: БРИЛИЈАНТНА Франција!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Франција – Шведска 3:0. Уште едно блескаво, фантастично, брилијантно издание на „Триколорите“. Оваа Франција како да е од некоја друга планета.Оваа Франција е моќна, моќна. Вистински празник е за фановите да

Нетанјаху: Израел нема да се повлече од јужен Либан сè додека Хезболах е закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник ја посети либанската територија окупирана од израелската армија, велејќи им на војниците дека Израел нема да се повлече од југот на земјата сè додека Хезболах, групата

Новаковски: Со Изборниот законик се поигруваме со години, а препораките на ОБСЕ/ОДИХР стојат од 2008

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, во гостувањето во „Топ Тема“ упати сериозни критики кон начинот на кој се менаџираат измените во изборното законодавство во Македонија. Според него, државата веќе

Нов скандал во Италија: Бастони под истрага поради детска проституција

ФОТО:facebook.com/Inter Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони, кој е под истрага за детска проституција. Веста ја објави најугледниот италијански весник „Газета дело

Тежок пораз за Трамп

Трамп ја потпиша оваа наредба на првиот ден од неговото враќање на функцијата во јануари минатата година, кога започна нова кампања против нелегалната имиграција. Целта на наредбата беше да се одземе американското
Go toTop