Младите со серија критики за македонското образование

June 7, 2024
1 min read

Проблемот во државната матура не е како да се фатат препишувачите, туку потребна е промена на моделот на оценување на средношколците на испитот, ова е ставот на претставниците на младинскиот образовен форум.

Тие нагласија дека моделот на државната матура е застарен и треба нов, исто така велат дека препишувањето е крајниот резултат на застарениот модел.

„Она што е сигурно дека матурата како систем за оценување на знаењата на средношколците е застарен модел и всушност препишувањето е само крајниот резултат на еден застарен модел. Сметаме дека институциите треба преку еден отворен и транспарентен процес да го ревидираат начинот на кој се оценуваат знаењата на учениците кои ги стекнале за периодот од сите 4 години, така што препишувањето е само крајниот резултат.“ – вели Ристо Савески од Младинскиот образовен форум.

Уште еднаш младите потврдија дека дел од нивните проблеми се тоа што некои од нив воопшто немаат приспап до образование, како што се младите во поправните домови, младите со попреченост како и младите во руралните области . Дополнително голем дел од младите студираат во странство поради како што велат, фактот дека на дел од нашите универзитети се предава застарена содржина.

Кога ќе видиме високото образование ќе видиме дека очигледно е дека младите не сакаат да студираат во нашите универзитети, односно одат на универзитетите во странство. Тоа се должи на плеада фактори од квалитетот на содржините кои ги имаме, до недостатокот на пракса, до недостатокот на обновливост на системот, односно образовни асистенти во склоп на образованието. Фактот дека нашите содржини многу често се застарени за она што се учи на универзитетите која е една од факторите. Меѓутоа младите не се иселуваат од државата само поради недостаток од образование или недостаток на квалитетно образование се иселуваат поради недостаток на квалитетни можности за работа поради корупцијата која владее во државата поради лошиот јавен превоз лошиот здравствен систем иако сме млади сепак ги имаме истите проблемио како и останатите граѓани во државата.“ – вели Теодора Столевска од Младинскиот образовен форум.

Денес од Младинскиот образовен форум слават 25 години од основањето. Таа е огранизација која е заедница на млади луѓе која едуцира, иформира, подржува и креира младински активизам.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЕК препорача почеток на преговори со Украина и Молдавија

Следно

Навивачите на Ливерпул го избраа Салах за фудбалер на сезоната

Latest from Blog

Новаковски: Со Изборниот законик се поигруваме со години, а препораките на ОБСЕ/ОДИХР стојат од 2008

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, во гостувањето во „Топ Тема“ упати сериозни критики кон начинот на кој се менаџираат измените во изборното законодавство во Македонија. Според него, државата веќе

Нов скандал во Италија: Бастони под истрага поради детска проституција

ФОТО:facebook.com/Inter Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони, кој е под истрага за детска проституција. Веста ја објави најугледниот италијански весник „Газета дело

Тежок пораз за Трамп

Трамп ја потпиша оваа наредба на првиот ден од неговото враќање на функцијата во јануари минатата година, кога започна нова кампања против нелегалната имиграција. Целта на наредбата беше да се одземе американското

Ова се имињата на новите министри – УМС и УЖ добија нови претседатели

Нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, додека министерството за социјална политика ќе го превземе Ѓоко Велковски Нов директор на Фондот за здравство од каде доаѓа Клековски, ќе биде Златко Перински,

Легендите на клубот се менуваат како на лента… Радосав Петровиќ е нов спортски директор на ФК Партизан

Превирањата, новитетите и промоциите на нови ликови во ФК Партизан периодов се случуваат секојдневно и јавноста во Србија буквално оди со вести во низа кога е во прашање клубот од стадионот ЈНА.
Go toTop