Во ОВОЈ ГРАД се живее најквалитетен живот, погледнете кои се на топ 10 листата

June 7, 2024
1 min read

Квалитетот на живот е важен показател што вообичаено се зема предвид при рангирањето на најдобрите градови во светот.

Сè – од гастрономски понуди до стапката на криминал може да влијае на квалитетот на животот на граѓаните. Новиот „Глобален индекс за градовите“ на „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics) содржи нова топ-10 листа врз основа на шест показатели: Очекуван животен век, приход по лице, еднаквост на приходи, рекреација и културна понуда, интернет-брзина и трошоци за домување.

Според овие критериуми, Гренобл, Франција е град со најдобар квалитет на живот во светот. „Главниот град на Алпите“ е позната омилена планинарска дестинација, но е и центар за научни истражувања, пишува „Тајм аут“ (Time out).

На второто место е Канбера – главниот град на Австралија, што воедно е и единствениот неевропски град во првите десет. Инаку, три града од Швајцарија се меѓу 10-те градови со најдобар квалитет на живот. Топ-10 списокот изгледа вака:

– Гренобл, Франција;

– Канбера, Австралија;

– Берн, Швајцарија;

– Берген, Норвешка;

– Базел, Швајцарија;

– Луксембург, Луксембург;

– Рејкјавик, Исланд;

– Цирих, Швајцарија;

– Гент, Белгија;

– Нант, Франција.   (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Овој филм ќе им се допадне само на обожавателите на ХОРОР (ВИДЕО)

Следно

Пензиите во Косово доволни за бурек и супа

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop