Турскиот министер за труд: „Економијата на Газа и пазарот на труд доживеаја колапс поради израелската војна“

June 6, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Турскиот министер за труд Ведат Ишикхан истакна дека економијата и пазарот на трудот во Газа доживеаја колапс поради тековните непријателства на Израел во опколениот појас, јавува Анадолу.

Министерот имаше обраќање на специјалната седница посветена на состојбата на работниците од окупираните арапски територии што се одржа во Женева како дел од 112. Меѓународна конференција на трудот.

„Економијата и пазарот на труд во Газа доживеаја колапс со широко распространетата невработеност и уништувањето на инфраструктурата“, рече Ишикхан, нарекувајќи ја тековната војна „најбруталниот масакр во човечката историја“.

Тој изрази жалење за „недејствувањето“ на меѓународната заедница, опишувајќи го како „јасен показател за неуспехот на меѓународниот систем“.

„Ќе биде невозможно да се зборува за човекови права, права на трудот и хуманост доколку Израел не биде запрен“, рече тој и ги повика работничките и меѓународните организации да упатат силен повик за итен прекин на огнот и хуманитарна помош.

Турскиот министер ги повика Меѓународната организација на трудот и сите нации да преземат итни мерки, да стават крај на човечката трагедија и да застанат со народот на Палестина.

Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа се убиени речиси 36.600 Палестинци, огромно мнозинство се жени и деца, а над 83.000 се повредени.

По речиси осум месеци од почетокот на израелските напади огромни делови од Газа се во урнатини, а недостигаат храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што засолниште од војната побараа повеќе од еден милион Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Норвешка невладина организација: „Неселективните израелски напади се воени злосторства“

Следно

Истекува рокот за поднесување кандидатура за претседател на СДСМ

Latest from Blog

Реал поведе дисциплинска: Валверде и Чуамени може да добијат и „клоца“ од Мадрид

фото: Transfer News Livе (X) Реал Мадрид ќе преземе сериозни санкции по незапаметениот инцидент на своите фудбалери Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Според информациите од Шпанија, Реал Мадрид ќе покрене дисциплинска постапка

Муцунски: Услови за уставни измени нема, Берсе оценува наредок од Бугарија за пресудите од Стразбур

Услови за уставни измени нема Причина за тоа е недостатокот на доверба, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски без да прецизира на која држава се однесува недовребата и кој нема кредибилитет
Go toTop