Норвешка невладина организација: „Неселективните израелски напади се воени злосторства“

June 6, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Неселективните напади на Израел врз палестинските деца и жени очигледно претставуваат воени злосторства, изјави Јан Егеланд од норвешка невладина организација, јавува Анадолу.

„Срамно е да се продолжи да се води војна низ бегалските кампови“, наведе Егеланд, генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци, на социјалната мрежа Х.

Тој нагласи:

„Дури и ако Хамас извршил воено злосторство за криење борци меѓу раселените цивили, овие континуирани, неселективни напади во кои загинаа голем број деца и жени очигледно се израелски воени злосторства.“

Најмалку 39 Палестинци беа убиени денес во напад на израелски авиони врз училиште во кое привремено беа сместени илјадници раселени лица во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива против Појасот Газа и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа се убиени повеќе од 36.580 Палестинци, од кои повеќето жени и деца, а повеќе од 83.000 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да почне копнениот напад врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Минатата година во Србија идентификувани 82.000 случаи на детски труд

Следно

Турскиот министер за труд: „Економијата на Газа и пазарот на труд доживеаја колапс поради израелската војна“

Latest from Blog

Начевски: Рударството денес не е исто како порано – Иловица е пример за проект со подобрени еколошки решенија

Современите технологии овозможуваат рударството да се развива со далеку повисоки еколошки стандарди отколку во минатото, смета професорот Горан Начевски. Во своето гостување на Сител ТВ, претседателот на Здружението на металурзи истакна дека

Си-Ен-Ен: ИРАН ЈА ПРОНАЈДЕ СЛАБАТА ТОЧКА НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА! Загрозени милијарди долари

Иранската стратегија да ѝ се спротивстави на воената моќ на САД и нивните сојузници преку нанесување економска штета откри чувствителна точка на глобалната економија, центрите за податоци за вештачка интелигенција, пишува CNN.

Метеж на границите: На „Табановце“ за влез се чека 30 минути, на „Богородица“ за излез околу еден час

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања
Go toTop