Минатата година во Србија идентификувани 82.000 случаи на детски труд

June 6, 2024
1 min read

Националниот координатор на Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Србија, Јован Протиќ, денеска изјави дека минатата година во Србија биле идентификувани 82.000 случаи на детски труд, што значи дека деца на возраст од пет до 17 години работеле иако ситуацијата не била погодни за нив или од физичко или од ментално здравје, пренесе Бета.

„Минатата година во Србија се идентификувани 82.000 случаи на детски труд. Тоа значи дека децата на возраст од пет до 17 години работат во ситуација која не е соодветна за нив ниту од гледна точка на физичко, ниту од ментално здравје. Две третини од овие деца се во земјоделството и работата со нивните родители во домаќинствата“, прецизира Протиќ на отворањето на конференцијата „Ризиците на новото време – нова ера на одржливост“, организирана од платформата Be Risk Protected.

Тој додаде дека претставниците на МОТ ја поминале минатата година подигајќи ја свеста во руралните области во Србија дека тоа може да биде штетно за децата.

„Денес има 28 милиони луѓе во модерно ропство, бидејќи тој пазар вреди 150 милијарди долари годишно и тоа се пари кои некој ги става во џеб благодарение на експлоатацијата на тие работници, а меѓу нив има и околу 160 милиони деца под 17 години“, изјави Јовиќ.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарецот Керкез пред трансфер во Манчестер Јунајтед

Следно

Норвешка невладина организација: „Неселективните израелски напади се воени злосторства“

Latest from Blog

Начевски: Рударството денес не е исто како порано – Иловица е пример за проект со подобрени еколошки решенија

Современите технологии овозможуваат рударството да се развива со далеку повисоки еколошки стандарди отколку во минатото, смета професорот Горан Начевски. Во своето гостување на Сител ТВ, претседателот на Здружението на металурзи истакна дека

Си-Ен-Ен: ИРАН ЈА ПРОНАЈДЕ СЛАБАТА ТОЧКА НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА! Загрозени милијарди долари

Иранската стратегија да ѝ се спротивстави на воената моќ на САД и нивните сојузници преку нанесување економска штета откри чувствителна точка на глобалната економија, центрите за податоци за вештачка интелигенција, пишува CNN.

Метеж на границите: На „Табановце“ за влез се чека 30 минути, на „Богородица“ за излез околу еден час

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања
Go toTop