Ердоган: „Наша човечка должност е да реагираме на ситуацијата на лудило во Газа“

June 6, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека човечка должност е да се реагира на ситуацијата во Појасот Газа, каде што Израел од октомври минатата година уби повеќе од 36.000 луѓе, јавува Анадолу.

„Наша човечка должност кон палестинскиот народ е да реагираме на оваа состојба на лудило каде е искушана нашата човечност заедно со нашата вера“, рече Ердоган говорејќи на осмата свеченост на Доделувањето на медиумските награди Анадолу што се одржа во Анкара, и додаде:

„Оние кои денес ги затвораат очите пред геноцидот нема да можат до крајот на животот да ја избришат црната дамка од своите лица.“

Тој рече дека оние кои со години држат лекции за слободата на медиумите не говорат за тоа што се случува на окупираните палестински подрачја.

„Нашата агенција Анадолу и ТРТ, со своите храбри вработени на теренот, му ги пренесоа на светот сите детали за масакрите извршени во Газа“, рече Ердоган и заклучи:

„Додека ги браниме нашите палестински браќа, ние всушност го браниме човештвото, ги браниме мирот, правдата и слободата.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Она што се случува во Газа наликува на целосно уништување на цивилното население“

Следно

Марјан Танушевски ја презеде функцијата директор на македонскиот Културно-информативен центар во Србија

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop