Зошто децата се менуваат „преку ноќ“?

June 6, 2024
1 min read

Честопати се вели дека децата се менуваат „преку ноќ“… Тоа некако, особено важи за второодделенците, кои одеднаш стануваат тврдоглави и нерасположени, а сè уште не се ни тинејџери. Зошто тоа се случува кај деца на околу осумгодишна возраст, објаснува училишниот советник Зек Казабо.

– Во средното до доцно второ одделение, повеќето деца ја доживуваат својата прва голема промена во развојот. Тие тогаш почнуваат повеќе да се грижат за мислењето на своите врсници отколку за мислењето на нивните родители и возрасните. Оваа развојна промена е сосем нормална и е во согласност со развојот на мозокот на детето. Оваа промена, иако е тешка за родителите, всушност е голем чекор кон тоа децата да стекнуваат независност, појасни просветниот работник.

Неговиот совет до родителите е да се обидат да го поттикнат детето со поинаков разговор. Наместо, на пр., да му кажете да престане да прави нешто, прашајте го зошто го прави тоа за да може заедно да донесете заклучок, пренесува „Индекс“.

– На осум, девет години, децата ќе почнат да бараат поголема приватност и нема да споделуваат сè со Вас како порано. Одлична стратегија е да се биде индиректен. Ако ги прашате, на пр., за другарчињата, всушност, може да научите многу и за себе, истакна Касабо.  (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ана Ивановиќ со скромен, а уникатен изглед: Не е потребна голотија за оваа убавица да ги привлече погледите

Следно

„Она што се случува во Газа наликува на целосно уништување на цивилното население“

Latest from Blog

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието

Коди Гакпо и неговата сопруга го загубија синот

Трагедија во семејството на репрезентативецот на Холандија, Коди Гакпо. Тој и неговата сопруга, Ноа ван дер Беј го загубија синот за време на бременоста, и тоа двојката го сподели преку социјалните мрежи.

Над 10.000 граѓани на Мисисипи го тужат Маск: Ѕидовите се тресат, бучавата е неподнослива

Тужбата е поднесена како колективна тужба во име на голем број жители кои велат дека нивниот квалитет на живот значително се влошил од почетокот на работата на енергетските објекти дизајнирани да го
Go toTop