ВИДЕО: Том Круз по грешка ќе влезел во автомобилот на премиер Сунак

June 5, 2024
1 min read

Том Круз доживеа непријатна случка откако слета на хелиодром во лондонската населба Батерси и се упати кон автомобилот наменет за британскиот премиер Риши Сунак.

Познатиот глумец тргна кон автомобилот, но потоа сфаќа дека тоа не е наменето за него, па се упати кон другото возило, поздравувајќи ги обожавателите.

На видеоснимката потоа се гледа и како британскиот премиер потоа влегува во автомобилот наменет за него. Видеото за кусо време собра 8,7 милиони прегледи и бројни коментари на сметка на Круз, но и на Сунак.

„’Невозможна мисија’ е добар слоган за изборната кампања на Сунак“, „Едниот од нив е на невозможна мисија, а другиот е Том Круз“ – гласат дел од шегите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на Сити за Гвардиола: Ќе го најдеме вистинското решение и за Пеп, и за нас

Следно

Водечки научници предупредуваат: Глобалното затоплување забрзува со невидено темпо

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop