Судењето на осомничениот за масакрот во Мало Орашје и Дубона се преместува од Смедерево во судница во Окружниот затвор во Белград

June 5, 2024
1 min read

Врховниот суд на Србија одлучи да го премести судењето на Урош Блажиќ, обвинет за масакрот во селата Мало Орашје и Дубона, од Вишиот суд во Смедерево во судница во Окружниот затвор во Белград.

Одлучено е подготвителното рочиште и главниот претрес за случајот на Вишиот суд во Смедерево да се одржат надвор од просторот на Вишиот суд во Смедерево, во судницата на Вишиот суд во Белград, во Окружниот затвор, јавија белградските медиуми.

Подготвителното рочиште за тој случај беше прекинато на 23 мај кога членови на семејствата на убиените бурно реагираа кога во судницата влегоа Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лејди Гага ги демантираше гласините за бременост: Едноставно сум лоша во теретана

Следно

Израел формира воена единица за заштита на населeните места во близина на Газа

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop