Шидер: На изборите во Србија не се почитуваа препораките на мисијата на ОДИХР

June 5, 2024
1 min read

Андреас Шидер, главниот кандидат на Социјалдемократската партија на Австрија на изборите за Европскиот парламент и набљудувач на декемвриските избори во Србија, денеска изјави дека е жално да се види дека на повторените неделни локални избори во Србока не беа испочитувани и имплементирани препораките на мисијата на ОДИХР за подобрување на изборните услови, како и дека претседателот на државата Александар Вучиќ е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

„Ова е жално, особено ако се има предвид дека во последните години политичкиот систем во Србија станува сè понестабилен и се повеќе се карактеризира со авторитарни тенденции. Изборите сега се можност претседателот Александар Вучиќ и неговата партија да покажат во која насока сакаат да се развива земјата“, изјави Шидер за весникот Данас.

-Се надеваме дека Србија ќе најде начин да се врати назад на конструктивниот реформски пат за владеење на правото и демократијата, рече тој.

Шидер додаде дека Србија, „како најголема земја во регионот, има голема одговорност да обезбеди стабилност и мир на Западен Балкан“.

-Актуелната влада во Србија оди по пат кој секако не води поблиску до Европската унија (ЕУ). Не само што гледаме негативна реакција во однос на демократијата и владеењето на правото, туку и сојузникот на Путин кој владее во Србија. Доколку Вучиќ продолжи да води политика на овој начин, обидувајќи се да го дестабилизира целиот регион, треба да ги земеме предвид последиците како што е замрзнувањето на процесот на проширување на ЕУ, рече Шидер.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фаучи го бранеше одговорот на САД на пандемијата со Ковид 19

Следно

Саливан: Бајден ќе се состане со Зеленски во Нормандија

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop