Ристовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ, Петровска, Филипче и Деспотовски утре

June 4, 2024
1 min read

Златко Ристовски активист на СДСМ од Битола е првиот кандидат што поднесе кандидатура за за претседател на СДСМ, потврдуваат од Бихаќка за ТВ 24. Извори од СДСМ велат дека Ристевски е релативно анонимен во СДСМ, а колку неговата кандидатура е уредна ќе се знае откако ќе заврши рокот за кандидирање.

Утре на Бихаќка ќе биде гужва. Како што веќе објави ТВ 24 кандидатурата ќе ја поднесе пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска. Дека утре неговата кандидатура ќе стигне на Бихаќка, во СДСМ им најавил и пратеникот и екс министер за здравство Венко Филипче.

Дека утре планира да ги поднесе документите за ТВ 24 потвдува и директорот на ТИРЗ во заминување Јован Деспотовски. Во документите на Деспотовски ќе се најде и потпишана изјава дека доколку ги изгуби изборите нема да се „пазари“ за функции во раководството.

Дека ќе се кандидира за нов лидер на опозицијата најави и адвокатотот од Куманово Виктор Божиновски. Директорот на царина Стефан Богоев и заменик министерот за администрација во заминување Александар Бајдевски се уште се мислат дали да влезат во трката за претседател. Отакако ќе заврши рокот во четврток, комисијата ќе треба да ги утврди кандидатите и да им ги провери документите : лично, партиско CV и програма. Изборите за нов претседател на СДСМ ќе бидат на 30 јуни.

Дотогаш социјалдемократите ги чека и отчетниот Конгрес во недела, на кој Димитар Ковачевски ќе треба да даде отчет за историски најголемиот пораз на СДСМ.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос

Следно

Дрес на Коби Брајант продаден за 1,2 милиони долари

Latest from Blog

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клуч за економски развој и регионално поврзување

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Перез: Против нас се водат планирани напади, нема да си одам, останувам претседател!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави дека нема намера да ја напушти функцијата. 79-годишниот функционер, исто така, ги негираше извештаите дека има сериозна болест. „Многу ми е жал што морам да
Go toTop