Мајка и три деца се спасени под урнатините 28 часа по земјотресите во Туркије

February 7, 2023
1 min read

ГАЗИАНТЕП (АА) – Мајка и три деца се спасени под урнатините 28 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Туркије, известува Анадолу.

Новинарот на Анадолу информираше дека во местото Низип во турската област Газиантеп под урнатините на зграда здрави се извлечени мајката Доне Озкилич и нејзините деца Абдулкадир, Бејза и Елиф Озкилич.

Сите четири членови на семјеството Озкилич се повредени и префрлени се во болница.

Граѓаните продолжуваат да чекаат во близина на урнатите згради, за да бидат информирани за своите најблиски кои се водат за исчезнати.

Според најновите информации, досега во земјотресите што ги потресоа јужните делови на Туркије животот го загубија 3.381, додека бројката на повредени се зголеми на 20.426. Во исто време, во акциите на спасување досега се згрижени 338.000 лица во студенски домови и други објекти.

Во моментов на терен се ангажирани 24.443 спасувачи, медицински и друг персонал. Продолжува потрагата по преживеаните.

– Два разорни земјотреси вчера ја потресоа Туркије

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер вчера наутро во 4:17 часот со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер со епицентар во местото Елбистан ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентарите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш. И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.

Земјотресите се почуствуваа и во соседна Сирија, но и во Ирак, Либан, Египет и други региони.

Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека на Туркије и се случила најголемата катастрофа по земјотресот во Ерзинџан 1939 година.

Туркије прогласи седмодневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нови „легнати полицајци“ низ општина Бутел

Следно

Скопски општини ќе донираат финансиски средства за настраданите во Турција и Сирија

Latest from Blog

Македонија е трета најдобра земја во Европа за инвестирање во недвижности

Најдобрите европски земји за инвестирање во недвижнини во 2025 година се во Централна и Источна Европа. Молдавија е предводник на оваа листа, на второт место е Литванија, додека на третото е Македонија.

Дел од родителите на загинатите во трагедијата во Кочани на состанок со јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Во текот на денешниот „Марш за ангелите“, што го организираа семејствата на загинатите млади во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, дел од родителите и блиските на жртвите влегоа во зградата

Неуспешна „ОСМА МАЈКА“: Пропадна уште еден обид за конституирање на косовскиот парламент

Пропадна и осмиот обид за конституирање на косовското собрание, бидејќи претседателот на оваа институција не беше избран на предлог на победничката партија на февруарските избори – Движењето Самоопределување. Конститутивната седница започна на

Јужноафриканската Република пред МСП: Израел го користи гладот како средство за војување против Палестинците

ЖЕНЕВА (АА) – Јужноафриканската Република денес пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) изјави дека Израел го користи гладот како оружје против Палестинците во окупираните територии, прекршувајќи ги своите меѓународни обврски, јавува Анадолу.
Go toTop