Бајден: Американскиот принцип е дека никој не е над законот

June 1, 2024
1 min read

Тој рече дека поротата е составена од обични Американци кои ги слушнале доказите и донеле едногласна пресуда, објави Си-Ен-Ен.

„По внимателно размислување, поротата донесе едногласна пресуда и го прогласи Доналд Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението“, рече Бајден.

Тој истакна дека поротата е избрана на ист начин како што е избрана секоја порота во Америка и додаде дека адвокатите на Трамп биле дел од тој процес.

– Американскиот принцип е дека никој не е над законот, рече Бајден. Тој изјави дека поротата беше составена од „12 луѓе како вас, кои ги ислушаа доказите и одговорија со едногласна пресуда“. – рече Бајден.

Бајден рече дека на Трамп му била дадена секаква можност за одбрана.

По изрекувањето на пресудата Трамп даде изјава во која го спомена Сорос, либералниот милијардер и поддржувач на демократите, и ја обвини Белата куќа „во обид да отстрани политички противник“ со помош на судскиот систем.

-Тоа беше направено од Сорос, од администрацијата на Бајден, за да се нанесе штета или да со оштети опонентот, политичкиот противник. Сметам дека тоа едноставно е срамно.

И ние ќе продолжиме да се бориме, изјави Трамп, и додаде дека не направиле ништо лошо. „Јас сум навистина невин човек“, рече тој откако излезе од судската сала. Неговата прес-служба објави изјава.

-Ова беше срамно. Ова беше фалсификуван судски процес предводен од корумпиран судија. Ова е фалсификуван суд, срам. Тие не ни дадоа да го смениме местото на судот, стои во изјавата.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со години има точно 57 килограми: Ова е тајната за прекрасниот изглед на Јелена Розга

Следно

Скопјанец нападнал полицаец, па доби кривична пријава

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop