„Туркије е земја која покажува најостра реакција на израелските масакри во Газа“

June 1, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека неговата земјата покажува најостра реакција на масакрите во Газа, преземајќи конкретни мерки против Израел, извесетува Анадолу.

„Ние сме единствената земја која покажа најостра реакција на масакрите во Газа од 7. октомври досега и преземала конкретни мерки против Израел“, рече Ердоган на консултативната средба на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија) во градот Кизилџихамам, во турската област Анкара.

Ердоган ја поздрави одлуката на турскиот парламент да ги осуди израелските масакри во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, велејќи дека таа одлука е „исклучително вредна“.

Турскиот претседател информираше дека неговата земја испратила повеќе од 55.000 тони хуманитарна помош во Палестина и дека продолжува со оваа поддршка.

Најмалку 36.284 Палестинци, од кои 15.328 деца и 10.171 жени, се убиени, а 82.057 се ранети во израелските напади на палестинската енклава од 7 октомври минатата година.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Убиени 36.379 Палестинци во израелските напади на Појасот Газа од 7 октомври

Следно

Пред пет години Вардар го направи еден од најспектакуларните пресврти во историјата!

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop