Стано: Прашањето за мостот на Ибар е дел од дијалогот меѓу Србија и Косово, треба да се спречи нова криза

May 31, 2024
1 min read

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, денеска во Брисел изјави дека прашањето за отворање на главниот мост на Ибар во Митровица е дел од дијалогот меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ со цел „да се спречи нова криза“.

На предлог на советник на владејачката партија Самоопределување, Собранието на општина Митровица минатата недела зад затворени врати донесе одлука за отворање на главниот мост на реката Ибар, што го дели јужниот од северниот дел на градот, по што Српска листа, најголемата политичка партија на косовските Срби, соопшти дека мостот не може да се отвори без согласност на српската заедница.

Стано на прес-конференцијата рече дека „ова прашање е предмет на два договори во дијалогот со посредство на ЕУ во 2015 и 2016 година. И се додека ова е прашање што припаѓа на дијалогот што го води ЕУ, за преговорите и секоја одлука во врска со мостот треба да се разговара и да се донесат одлуки во рамките на дијалогот, со учество на претставници на двете страни – Косово и Србија“.

Тој додаде дека и покрај напорите низ годините да се постигне договор, мостот останал затворен за моторни возила и повторно ги повика страните да ги спроведат договорите.

-Значи, неисполнетите обврски од договорот мора да се спроведат без одлагање, а тоа важи и за прашањето за мостот, но и за Договорот за патот кон нормализација на односите, рече Стано.

Тој посочи дека едностраните акции „го оттргнуваат фокусот од спроведувањето на обврските од Договорот за нормализација на односите, што „треба да биде прв приоритет“.

-Заинтересирани сме да спречиме нова криза, доста ни е од кризи, а има многу малку решенија и чекори кои водат кон смирување, рече Стано.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Доследни на својот збор: Во овие хороскопски знаци се раѓаат луѓе кои никогаш не ги прекршуваат своите ветувања

Следно

Вашингтон призна дека одобрил Украина да го користи американското оружје за напади на руска територија

Latest from Blog

Нов скандал во Италија: Бастони под истрага поради детска проституција

ФОТО:facebook.com/Inter Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони, кој е под истрага за детска проституција. Веста ја објави најугледниот италијански весник „Газета дело

Тежок пораз за Трамп

Трамп ја потпиша оваа наредба на првиот ден од неговото враќање на функцијата во јануари минатата година, кога започна нова кампања против нелегалната имиграција. Целта на наредбата беше да се одземе американското

Ова се имињата на новите министри – УМС и УЖ добија нови претседатели

Нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, додека министерството за социјална политика ќе го превземе Ѓоко Велковски Нов директор на Фондот за здравство од каде доаѓа Клековски, ќе биде Златко Перински,

Легендите на клубот се менуваат како на лента… Радосав Петровиќ е нов спортски директор на ФК Партизан

Превирањата, новитетите и промоциите на нови ликови во ФК Партизан периодов се случуваат секојдневно и јавноста во Србија буквално оди со вести во низа кога е во прашање клубот од стадионот ЈНА.

Меџити: Чаир влегува во нова фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека Владата донела одлука за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир, со што, како што наведе, се отстранува последната административна
Go toTop