Анкети за резултатите од неделните избори во Србија

May 31, 2024
2 mins read

Во пресрет на неделните локални избори во 88 градови и општини и повторените избори за градот Белград, анкетите не ги поддржуваат надежите на опозицијата за промена на политичкиот пејзаж на главниот град на Србија, каде и покрај бојкотот на поголемите партии опозицијата се надева на победа против владејачката Српска напредна партија (СНС), како и во Ниш, Нови Сад и Чачак, јави дописникот на МИА од Белград.

Анкетата за определеност на гласачите што ја спроведе Ипсос покажува дека очекуваната излезеност ќе биде 49,6 отсто, односно се очекува да биде во интервал од 47,2 посто до 52 проценти во однос на бројот на запишани гласачи.

Според оваа анкета, на изборите за град Белград изборната листа „Александар Вучиќ – Белград утре“ ќе освои најголем број мандати во белградското градско собрание, бидејќи на три дена пред изборите има поддршка од 47,7 отсто од гласачите.

Следни по сила се листата „Д-р Саво Манојловиќ – Јас сум Белград – Крени-Промени“ со 16,3 проценти и листата „Го бираме Београд – Добрица Веселиновиќ – Милош Павловиќ“ со речиси иста проценнка на резултат -16,2 посто.

Четвртата листа што ќе го помине цензусот е листата „Ние, силата на народот – проф. д-р Бранимир Несторовиќ“, кој според проценките би освоил 7,7 отсто од гласовите.

Според истражувањети на Ипсос можно е да дојде до прелевање на гласовите во блокови и коалиции на слични партии. Поради овие фактори, како и поради забележаните трендови во податоците, можно е да дојде до промена на односот помеѓу листата „Д-р Саво Манојловиќ – Јас сум Белград – Крени-Промени“ и листата „Го бираме Белград – Добрица Веселиновиќ – Милош Павловиќ“.

Останатите коалиции и изборни листи од вкупно 14-те колку РИК ги има регистрано според Ипсос нема да го преминат цензусот за избор на одборници.

И обложувалниците ги објавија коефициентите за претстојните избори во Белград, според кои коалицијата собрана околу СНС и СПС може да смета на убедлива победа и поддршка од повеќе од половина од гласачите, а тоа секако би значело најмалку 60 отсто од советнички места во Градското собрание на Белград.

Според проценките на обложувалниците, на изборите во Белград ќе учествуваат 48,4 отсто од запишаните во избирачкиот список т.е околу десет отсто помалку од изборите во декември минатата година.

Од оваа бројка обложувалниците проценуваат дека листата „Александар Вучиќ- Белград утре“ составена од СНС, СПС, Заветници и други коалициони партнери треба да освои околу 52,1 отсто од гласовите. За споредба, на претходните белградски избори СНС доби 39,03 отсто од гласовите, СПС 4,75 отсто, а под прагот остана коалицијата Заветници-Двери со 2,58 отсто од гласовите.

Второто место со 18,9 отсто поддршка е проектирано за коалицијата Крени-Промени на Сава Манојловиќ, која настапува со изборната листа „И јас сум Белград“, додека коалицијата „Го избираме Белград“ создадена од „Србија против насилството“ е на трето место со 14,2 отсто од гласачите во главниот град на Србија.

Според овие проценки четвртото место би го зазела листата „Ние – силата на народот, проф. Бранимир Несторовиќ“ кој со 6,7 отсто од гласачите би бил единствениот што би го поминал цензусот од три отсто и би влегол во градското собрание на Белград.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Трамп е осуден. Што понатаму?

Следно

Јемен: 16 припадници на Хусите убиени во американско-британските напади

Latest from Blog

Како да се од некоја друга планета: БРИЛИЈАНТНА Франција!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Франција – Шведска 3:0. Уште едно блескаво, фантастично, брилијантно издание на „Триколорите“. Оваа Франција како да е од некоја друга планета.Оваа Франција е моќна, моќна. Вистински празник е за фановите да

Нетанјаху: Израел нема да се повлече од јужен Либан сè додека Хезболах е закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник ја посети либанската територија окупирана од израелската армија, велејќи им на војниците дека Израел нема да се повлече од југот на земјата сè додека Хезболах, групата

Новаковски: Со Изборниот законик се поигруваме со години, а препораките на ОБСЕ/ОДИХР стојат од 2008

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, во гостувањето во „Топ Тема“ упати сериозни критики кон начинот на кој се менаџираат измените во изборното законодавство во Македонија. Според него, државата веќе

Нов скандал во Италија: Бастони под истрага поради детска проституција

ФОТО:facebook.com/Inter Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони, кој е под истрага за детска проституција. Веста ја објави најугледниот италијански весник „Газета дело

Тежок пораз за Трамп

Трамп ја потпиша оваа наредба на првиот ден од неговото враќање на функцијата во јануари минатата година, кога започна нова кампања против нелегалната имиграција. Целта на наредбата беше да се одземе американското
Go toTop