ФОТО: Македонскиот алпинист кој падна во бессознание објави фотографии од смрзнатите раце

May 30, 2024
1 min read

Македонскиот алпинист, Здравко Дејановиќ во тешки услови го искачил четвртиот највисок врв во светот, Лотце, по што паднал во бессознание и бил симнат со спасувачка мисија.

Дејановиќ на социјалните мрежи ја раскажа својата авантура на врвот Лотце, кој со 8.516 метри е четвртиот најивок во светот.

„На ден 19.05 околу 12h, го искачив врвот Lhotse 8516m без да користам помош од други лица (шерпаси) и дополнителен кислород. Врвот го искачив во тешки и неповолни временски услови, пропратено со врнежи, олујни наноси од снег, со јачина на ветар до 50km/h. Поради таквите временски услови јас и другите искачувачи добивме смрзнатини на долни и горните екстремитети. Во одреден момент на висина од 8400m, јас и алжирскиот искачувач Насир и неговиот личен шерпас (кои за цело време користеа дополнителен кислород), бевме принудени 2-2:30h, да останеме во место на таа висина поради силните наноси од снег. На оваа висина бев виден од повеќе качувачи, боливискиот качувач Хуго, шерпасот Лама, еден кинески качувач, и уште двајца кинески качувачи ( кои го прекинаа искачувањето на врвот поради смрзнатини)“, вели Дејановиќ.

Тој бил советуван да се откаже, да не продолжи до крај бидејќи условите биле навистина тешки, но Здравко решил да го продолжи својот пат.

„Од страна на искусниот шерпас Лама бев советуван да се откажеме од искачувањето и да се вратиме во четвртиот камп. Но, ние тројцата сепак продолживме кон врвот. На врвот околу 10 min пред мене беа Насир и неговиот шерпас, кои веќе се симнуваа кога јас пристигнав на врвот. На врвот поради сериозните смрзнатини на прстите неможев веќе смрзнатиот патент од качувачкото одело, да го отворам, да го извадам мобилниот телефон и да направам видеозапис. Заради мојата безбедност и здравствена состојба која веќе почна да се влошува (бев исцрпен и веќе имав изразени смрзнатини на прстите на рацете) неможев долго време да се задржувам на врвот , и веднаш се упатив кон пониските кампови. Се спуштав колку толку успешно се до Yellow Band (вертикални карпи кои се наоѓаат на 7600m), и тоа место е последно нешто на што јас се сеќавам“.

Откако паднал во бессознание, била организирана спасувачка акција која била координирана со блиски луѓе на Здравко.

„Од тој момент имало спасувачка акција за мое извлекување до пониските кампови. Спасувачката акција била координирана од шерпасите од 8K тимот, мојата ќерка Стефанија, Славица Атанасовска и Билјана Огнененоска. Сите искачувачи беа дел од 8kexpeditions тимот“, заврши Здравко Дејановиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Израелски медиуми: Израелската војска ќе им даде повеќе оружје на еврејските доселеници на Западниот Брег

Следно

Големи настани на небото: Точните месеци во кои ќе се случува вистински астрономски спектакл што не смеете да го пропуштите

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop