Русија тврди дека 8 ракети АТАКМС од американско производство биле соборени над Азовското Море

May 30, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија денес објави дека осум ракети АТАКМС од американско производство истрелани од Вооружените сили на Украина биле соборени над Азовското Море во текот на ноќта, јавува Анадолу.

Во меѓувреме, Киев нападна и руски објекти на други места, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека осум украински воздушни беспилотни летала и два подводни дронови биле уништени на подрачјето на Црното Море.

Министерството соопшти дека Вооружените сили на Украина, исто така, извршиле напад со беспилотни летала врз цивилни објекти во јужниот руски регион Краснодар, каде што биле соборени или блокирани пет беспилотни летала.

Едно од беспилотните летала паднало врз помала енергетска единица, со што е прекинато снабдувањето со електрична енергија во блиското населено место, се вели во соопштението.

Исто така, од остатоците на украинските ракети во градот Керч се оштетени автомобил и железнички траекти, соопштија локалните власти.

Украина сѐ уште не се има огласено по повод тврдењата на Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Авторите на нападите врз КФОР и натаму шетаат слободно низ Србија под заштита на Вучиќ

Следно

Косовската министерка за надворешни работи: Нова војна на Балканот би била добредојдена за Русија

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop