Велешанецот Боре Видевски негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиствата на Вања и Панче

May 29, 2024
1 min read

Велешанецот Боре Видевски негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, пренесува Телма.

Видевски го сменил исказот, иако првично кога беше приведен заедно со другите осомничени Влатко Кешишов и Велибор Манев пред органите за прогон го тврдеше спротивното. Ова за Телма го потврдил неговиот адвокат Бојан Манев по денешната јавна седница во Врховниот каде се жалеа за притворот на Видевски.

„Обвинетиот во исказ пред јавното обвинителство целосно го негираше постоењето на двете кривични дела и на убиството на Панче Жежовски и на убиството на девојчето во Скопје и по направениот увид во јавното обвинителство ќе доставиме соодветни докази кои ќе го потврдат неговото тврдење “, истакнал Манев.

Видевски во највисокиот суд бараше да му се определи куќен притвор, бидејќи немало основи да биде држен во затворот во Шуто Оризари.

„При завршена истражна постапка овдека не може да стане збор дека обвинетиот би бегал од државава затоа што и нема пасош за да може да избега, а не може ниту да влијае на сведоци, ниту да попречува истрага, ниту пак да го повтори кривичното дело“, додал Манев.

Врховен суд ја одби жалбата со што Видевски останува во притвор.

Првосомничениот Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција и е во притвор. И тој додека го носеа во Кривичен суд рече дека не е виновен и дека за тоа има докази. Палевски лани избега во Турција и полицијата го уапси во градот Баликесир. 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОФИЦИЈАЛНО: Винсент Компани во Баерн Минхен до 2027 година!

Следно

ЕУ империјата на цензурата

Latest from Blog

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува
Go toTop