Парламентарни избори во ЈАР

May 29, 2024
1 min read

Околу 27,6 милиони лица со право на глас денеска ќе избираат 400 пратеници, кои потоа ќе го именуваат следниот претседател на Јужно Африканската Република (ЈАР).

На изборите учествуваат околу 50 партии, а главни ривали се владејачката партија Африканскиот национален конгрес (АНЦ) и опозициската Демократски сојуз (ДА).

Според анкетите за ДА би гласале 25 проценти од граѓаните, а за АЦН од 40 до 46 отсто.

Многу гласачи се поделени помеѓу лојалноста кон АНЦ, која ја ослободи земјата од апартхејдот и растечкото разочарување поттикнато од невработеноста и недостигот на вода и струја триесет години по демократијата, што може да ги одврати од гласањето за историската партија.

Претседателот на ЈАР, Сирил Рамафоза во последното обраќање до нацијата уште еднаш ги истакна достигнувањата на АНЦ и напредокот постигнат од крајот на апартхејдот за граѓаните на ЈАР, пред сè во образованието, борбата против насилството врз жените и борбата против корупцијата. Тој се надева на втор претседателски мандат и оти победата на АНЦ е неизбежна.

Додека лидерот на ДА, Џон Стинхујзен на последниот предизборен митинг истакна дека АНЦ ќе го изгуби мнозинството.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Олимпискиот шампион суспендиран поради допинг

Следно

Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени
Go toTop