(ФОТОГАЛЕРИЈА) Божикна литургија во Соборниот храм, политичарите со верниците

January 7, 2023
1 min read

Православните христијани денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска архиепископија изутринава се одржуваа божикни литургии. Централното одбележување беше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Со литургијата во Соборниот храм чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, а покрај големиот број граѓани, присуствуваа и претставници од јавниот и политичкиот живот.

Присутни беа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарјан Сотировски, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска…

Честитки до верниците по повод Божик испратија од државниот врв и од политичките партии.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џордан Питерсон одбива да биде превоспитуван и по цена да ја изгуби лиценцата

Следно

Во Бугарија се поизвесни се нови парламентарни избори

Latest from Blog

Иран ја уапси добитничката на Нобелова награда Наргес Мохамади

Иранските власти ја уапсија добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, во петокот, соопшти нејзината фондација, повикувајќи се на нејзиниот брат. Фондата со седиште во Париз соопшти дека Мохамади била „присилно

Почната истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) почна истрага по падот на спортски авион денеска во Мавровско Езеро. Претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски, за МИА изјави дека посадата на

Стаменкоска Трајкоска, сопругата на премиерот Мицкоска и пратеничката Пешевска во посета на Клубот за деца со церебрална парализа

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска, заедно со сопругата на премиерот, Рози Мицкоска и пратеничката Жаклина Пешевска, беше во предновогодишна посета во Клубот за деца со церебрална парализа во Расадник. Во празнична атмосфера,

Мохамед Салах се врати во тимот на Ливерпул

фото: Liverpool FC (X) 33-годишниот крилен напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, е вклучен во составот на „црвените“ за натпреварот против Брајтон, објави Фабрицио Романо. Крилниот напаѓач не беше вклучен во составот за
Go toTop