Ристо Вуков 18-ти на Порше Суперкупот во Монако, но и многу побрз од лани

May 27, 2024
1 min read

Ристо Вуков го комплетираше настапот во Монако возејќи ја втората трка од сезоната во Порше Суперкуп, каде што се натпреварува втора година по ред.

На крајот од трката која беше мошне монотона и повлијаена од стартниот поредок во квалификациите, тој стигна до 18 место, откако стартуваше од 20 место. Во трката која се возеше како дел од програмата пред Ф1 спектаклот имаше вкупно 24 возачи во највисокото светско ниво на ова натпреварување.

Споредувајќи со минатата година, оваа трка имаше побрзо темпо и во неа Вуков возеше најбрз круг од 1:35.297 или скоро 3,5 секунди побрзо (1:38.675 во 2023). Компаративно гледано, првите двајца лани имаа времиња од 1:34.4, а сега истите возачи беа половина секунда побрзи со времиња од 1:33.9 што укажува дека имало подобро услови за возење и дека конструкциите еволуирале.

Минатата година имав тежок старт бидејќи се откажа трката во Имола поради поплавите во Емилија Ромања, а во Монако го оштетив возилото со преголема желба да се докажам. Тоа ми беше лекција и оваа година бев многу повнимателен на тренинзите и квалификациите, односно се обидов да го дадам најдоброто од себе во трката. Морам да признаам дека со инженерите се одлучивме „да се коцкаме“ и да преземеме извесни ризици при штелувањето, кои на крајот не ни се исплатеа. Имено, отидовме еден чекор поагресивно при тунирањето, очекувајќи дека е можно да има излетувања и прекин, односно излегување на возило за безбедност. Тоа не се случи, па во последната третина од трката веќе ми беа истрошени пневматиците и немав шанса за напредок во финишот. Задоволство ми е да видам дека сум бил 3,5 секунди побрз во најбрзиот круг во трка, но сепак свесен сум дека имам уште простор за напредок и тоа е она што ме мотивира.

Третата од предвидените 8 трки во календарот ќе се вози на 30 јуни, во Австрија, а пред тоа Вуков планира најмалку две тестирања со својот тим Омбра од Италија.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Куманово: Водата сè уште не е за пиење, се чекаат резултатите

Следно

СЕ ПЛАШАМ ДЕКА МЕДИУМИТЕ ПО ТОА ШТО ЌЕ ГО ОБЈАВАМ ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ ПИШУВААТ ЗА НАС: На Душко Тошиќ му е преку глава Карлеуша, реши да не молчи повеќе! (ФОТО)

Latest from Blog

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.

Министерот за здравство да си ја гледа работата, а не да кажува како да известуваат новинарите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид

Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека направени се промени кои ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле. Покрај опремата

Мартин Костовски: Голема нервоза во белата палата, Петрушевски ме клевети со лаги за кои веќе има судска одлука

Во реакција на својот профил на Фејсбук на прес конференцијата на Бране Петрушевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, порача: Голема нервоза во белата палата. Го извадиле Бране, човекот

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија во обид да го спречи протокот на мигранти, пренесува ДПА. Портпаролот на полската гранична полиција Конрад Швед за новинската агенција ПАП изјави дека
Go toTop