Хамас го гранатираше Тел Авив, прв пат во изминатите четири месеци

May 26, 2024
1 min read

ГРАДОТ ГАЗА (АА) – Палестинската група на отпорот Хамас денес соопшти дека истрелала канонада од ракети врз израелски Тел Авив, пренесува Анадолу.

Вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам, истакнаа дека нападот „е одговор на израелските масакри врз цивилите“.

Израелското армиско радио соопшти дека сирените се огласиле во поголемиот дел на Тел Авив во централен Израел.

Ракетните напади денес се први во последните четири месеци врз израелскиот град, по 29 јануари.

Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се бара итен прекин на огнот.

Во израелските напади досега загинати се 36.000 Палестинци, од кои најголем дел се деца и жени, а над 80.600 се повредени од минатиот октомври, по нападот на Хамас.

Речиси осум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, каде владее и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Газа каде што се засолнети над милион раселени Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерот на СИРИЗА во дводневна посета на Палестина

Следно

За сексуално злоставување малолетнички од страна на вероучител во Турција бараат затвор до 135 години

Latest from Blog

Трамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизел

Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и

Сè помалку рудари во Македонија: вработеноста во секторот паднала за 8%, производството за 10,1% Бројот на вработени

Бројот на вработени во рударскиот сектор во Македонија бележи значително намалување, паралелно со падот на производството. Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2026 година бројот на работници во секторот
Go toTop