Камиони со хуманитарна помош почнаа да влегуваат во Газа преку преминот Керем Шалом

May 26, 2024
1 min read

КАИРО (АА) – Камиони со хуманитарна помош почнаа да влегуваат во Појасот Газа преку преминот Керем Шалом, кој ги поврзува Газа и Израел, за прв пат откако израелската војска ја започна офанзивата на Рафа на 6 мај, објавија денес египетските медиуми, јавува Анадолу.

Новинскиот канал „Ал Кахера“ емитуваше снимка на која се гледа моментот кога камиони со хуманитарна помош, меѓу кои и четири камиони со гориво, го преминаа преминот Керем Шалом во Газа.

Камионите со хуманитарна помош ја напуштија египетската страна на преминот Рафа и се упатија кон преминот Керем Шалом, изјавија локални палестински извори за Анадолу.

Изворите рекоа дека помошта била прегледана од израелски војници на преминот Керем Шалом пред да биде испратена до Палестинците, кои имаат исклучителна потреба од хуманитарна помош во услови на засилено израелско бомбардирање и строги ограничувања за храна, што меѓународната заедница го смета за државна политика на Тел Авив за изгладнување на луѓето до смрт.

Камионите ќе им бидат предадени на САД, а потоа ќе патуваат по оската Филаделфи на палестинско-египетската граница до подрачјето на Тел ал Султан западно од Рафа, од каде ќе влезат во Појасот Газа преку крајбрежната улица Ал Рашид.

Тие додадоа дека приближно 200 камиони се очекува да влезат во Газа денес, од кои секој носи од 15 до 20 тони помош, а четири од овие камиони носат гориво.

Во петокот, за време на телефонскиот разговор со американскиот претседател Џо Бајден, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси се согласи привремено да достави помош до Обединетите нации на преминот Керем Шалом.

Овој начин на достава ќе биде на сила сѐ додека не се воспостави правен механизам за повторно отворање на преминот Рафа на палестинската страна во јужниот дел на Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Египетски Ал Ахли по 12 пат првак на Африка

Следно

ИОМ: Нов биланс – Повеќе од 670 загинати во лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop