Владимир Темелков на 44 години стави крај на играчката кареира

May 26, 2024
1 min read

Поранешниот македонски репрезентативец Владимир Темелков конечно ѝ стави крај на својата богата играчка кариера.

Десното крило на 44 годишна возраст се реши да рече збогум. Негов последен клуб е Керженг од Луксембург, каде го мина и најголемиот дел од кариерата.

Родениот велешанец по ракометните почетоци во Борец во 1998 година се пресели во Битола каде до 2003 година го носеше дресот на Пелистер.

Потоа следуваше трансфер во Германија во Фулинген, а во најракометната земја во светот настапуваше уште за Вилштат Шутервалд, Белингем и Кронау.

По настапите во Германија се пресели во Луксембург во Керженг, каде настапуваше цели 14 сезони.

Темелков беше дел од најголемиот успех на нашата ракометна селекција и петтото место на Европското првенство во Србија, а својата репрезентативна кариера ја заврши со 2013 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ Е ПРВИОТ ХРВАТСКИ ФИЛМ КОЈ ОСВОИ ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН

Следно

Дневен хороскоп за 26 мај, 2024 година!

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop