Мајка и 7 деца починаа во пожар што избувна во Франција

February 6, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Мајка и нејзините 7 деца, на возраст од 2 до 14 години, ги загубија животите во пожар што избувна во куќа во град сместен во францускиот департментот Ен во регионот Пикардија, пренесува Анадолу.

Според веста што ја објави француското радио РТЛ, пожарот избувнал во домот на 9-члено семејство во градот Шарли на Марна во департментот Ен.

Во пожарот животот го загубија мајката и нејзините 7 деца на возраст од 2 до 14 години.

Во болница е пренесен таткото кој се здобил со потешки изгореници на повеќе делови од телото.

На местото на несреќата пристигнале пожарникари и екипи на жандармеријата.

Властите започнаа истрага за откривање на причинита кои го предизвикале пожарот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нов земјотрес со интензитет од 7,6 степени ја потресе турската област Кахраманмараш

Следно

Приватните превозници нема да блокираат, на повидок договор со Град Скопје

Latest from Blog

Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Дубровник

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски триумфираше на денешниот полумаратон во Дубровник, Хрватска. Нашиот натпреварувач го освои првото место со рекорд на патеката од еден час, осум минути и две секунди. На втората позиција

ФФМ: Бевме сведоци на срамен чин – ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар, велат
Go toTop