Ѓоковиќ: Не сум меѓу фаворитите на Ролан Гарос

May 25, 2024
1 min read

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави денеска дека не се смета себеси за фаворит пред почетокот на Ролан Гарос каде Србинот ја почнува својата одбрана на титулата утре против Французинот Пјер-Иг Хербер.

Ѓоковиќ, кој е рекордер со 24 освоени грен слем титули, вчера загуби од Чехот Томаш Махач со 4:6, 6:0, 1:6 во полуфиналето на турнирот во Женева.

Триесетиседумгодишниот Ѓоковиќ во Париз пристигнува без ниту еден трофеј од почетокот на годината и не е преголем оптимист за успешен настап на Отвореното првенство на Франција.

„Секако дека сум загрижен … Воопшто не играм добро оваа година“, изјави Ѓоковиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање околу шансите за одбрана на титулата на Ролан Гарос, Ѓоковиќ рече: Не се сметам себеси за фаворит таму. Имам многу да работам. Ќе одам натпревар по натпревар и ќе видам до каде можам да стигнам. Само се надевам дека ќе бидам здрав и добро подготвен за Ролан Гарос“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Бараме климатска акција сега!“ во Градски парк

Следно

Известувачката на ОН: „Израел нема да го запре ова лудило додека не го запреме ние“

Latest from Blog

Божиновска: Го ставаме геолошкиот потенцијал на Македонија во фокусот на научните истражувања

Геолошкиот потенцијал на Македонија треба да се истражува систематски, со научен пристап и преку поголема меѓународна соработка, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. На координативен состанок во Министерството,

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста. Фестивалската програма

МАСК ПОВТОРНО ВО ВЛАДАТА НА САД – Треба да ја претстави иднината на војувањето

Министерот за одбрана Пит Хегсет објави неколку големи промени во американската војска, вклучително и воспоставување нова команда за беспилотни летала и намалување на бројот на генерали и адмирали за 20%. Пентагон, исто

Против Црна Гора по традиција играме ефикасно, одлична квота и за победа на Македонија (Фото)

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година вечерва продолжува со квалификациите за пласман на Европското првенство. Веќе е јасно дека немаме шанси за пласман на една од првите две позиции, па
Go toTop