Во југоисточна Туркије неутрализиран баран терорист

May 25, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа баран терорист во југоисточната турска област Дијарбакир, соопшти денес министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликаја, јавува Анадолу.

Јерликаја преку платформата X истакна дека терорист од сивата категорија на листата на барани лица на Туркије бил цел на операцијата Боздоган-40 во областа Лиџе.

Мехмет Јилдирим, со кодно име Софи, е идентификуван како еден од сторителите на шест одделни напади во кои загинаа осум припадници на безбедносните сили и 15 цивили, како и повредени осум припадници на безбедносните сили и 10 цивили, рече министерот.

Тој додаде дека за време на операцијата ранет е поручник од жандармеријата, но дека е во „добра состојба“.

Тој им честита на турските разузнавачи, жандармеријата и безбедносните чувари кои ја спроведоа операцијата, велејќи: „Нашата операција против терористите и нивната соработка ќе продолжи непрекинато“.

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орбан: Брисел ја застрела Унгарија во грб додека таа ја штити Европа

Следно

Американскиот рамковен ги урниса факултетите

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop