Макрон ќе се состане со министрите за надворешни работи на пет арапски земји, ситуацијата во Газа главна тема

May 24, 2024
1 min read

КАИРО (АА) – Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се состане во Париз со министрите за надворешни работи на Египет, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Јордан, најави денес египетското Министерство за надворешни работи, пренесува Анадолу.

„Министерот за надворешни работи Самех Шукри денес отпатува во Париз на покана на францускиот претседател Емануел Макрон да учествува на министерскиот состанок на кој учествуваат министрите за надворешни работи на Катар, Јордан, Саудиска Арабија и ОАЕ“, се вели во соопштението.

Како што се посочува, посетата доаѓа „во рамките на желбата на француската страна да комуницира и да се координира со арапските министри за прекин на огнот во Појасот Газа“.

„Посетата, исто така, ќе сведочи на дискусии за меѓународните и регионалните чекори насочени кон изнаоѓање сериозен политички хоризонт за ставање крај на кризата и поддршка на имплементацијата на дводржавното решение“, се додава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието на ЕФЈ во Приштина го усвои текстот на ЗНС на резолуцијата за убиени и исчезнати новинари на Косово

Следно

Сиљановска Давкова од Рим: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop