МСП во петок одлучува за мерките во врска со израелската офанзива во Рафа

May 23, 2024
1 min read

АЛ-КУДС (АА) – Меѓународниот суд на правдата (МСП) соопшти дека во петок ќе донесе одлука за барањето на Јужноафриканската Република да се нареди запирање на израелската офанзива во Рафа, каде што повеќе од еден милион раселени Палестинци побараа засолниште од израелските напади врз енклавата, јавува Анадолу.

Јужноафриканската Република побара од МСП да нареди запирање на израелската офанзива во Газа, особено во Рафа, со цел да се обезбеди опстанок на палестинскиот народ.

По првичните сослушувања во јануари МСП издаде неколку привремени мерки, наредувајќи му на Израел да преземе чекори за да го ограничи хуманитарното страдање во Газа.

„Израелските правни експерти проценуваат дека постои голема веројатност МСП да одлучи за забраната во петок“, изјави израелски дипломатски извор за весникот „Израел Хајом“.

Тој рече дека судот би можел или да нареди прекин на израелските воени операции во Рафа или да бара крај на војната во Газа врз основа на судски забрани.

„Доколку судот нареди прекин на војната во Газа, тоа би било најлошото сценарио од кое Израел се плаши“, изјави дипломатскиот извор и додаде:

„Таквите наредби би можеле значително да ја загрозат способноста на Израел да ја продолжи својата воена мисија во Газа, иако Израел повеќепати нагласувал дека не е обврзан да ги почитува пресудите на судот.“

„Израел е загрижен дека забраната од Меѓународниот суд на правдата може да ја забрза сличната резолуција во Советот за безбедност на ОН, каде што Тел Авив повторно ќе мора да се потпре на американското вето за да ја блокира“, се вели во веста.

„Израелските официјални претставници се подготвуваат за таа можност во наредните денови“, наведе израелскиот дипломатски извор во веста објавена во „Израел Хајом“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Родителите побараа Брза помош: Продолжи судењето на монструмот Урош за масовно убиство во Србија

Следно

Турскиот брод „Фатих“ за дупчење гас започна со бушење во бунарот Ѓоктепе-2 во Црното Море

Latest from Blog

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај
Go toTop