Безбедноста на OpenAI отиде јабана

May 22, 2024
1 min read

Илја Сутскевер и Јан Лејке неодамна го објавија своето заминување од OpenAI, производителот на ChatGPT. Тие беа лидери на тимот задолжен да обезбеди вештачката интелигенција да остане усогласена со целите на нејзините креатори, наместо да дејствува непредвидливо и да му наштети на човештвото.

Тие не се единствените кои заминаа.

Од ноември минатата година – кога бордот на OpenAI се обиде да го отпушти извршниот директор Сем Алтман само за тој набрзо да им се врати – уште најмалку пет од најпретпазливите вработени во компанијата или дадоа отказ или беа исфрлени.

Едно меме “Што виде Илја?” шпекулира дека Сутскевер, поранешниот главен научник, заминал затоа што видел нешто ужасно, можеби дека видел како ВИ систем може да го уништи човештвото.

Но, вистинскиот одговор може да има помалку врска со песимизмот околу технологијата, а повеќе со песимизмот околу луѓето – особено за еден човек: Алтман. Според извори запознати со внатрешните случувања, лицата кои се грижат за безбедноста ја изгубиле довербата во него.

Не многу вработени се подготвени јавно да зборуваат за ова. Меѓу другото и поради тоа што OpenAI ги натера своите работници да потпишуваат договори со кои се забранува давање негативни мислења за компанијата после заминувањето од неа. Ако одбиете да потпишете, се откажувате од вашиот капитал во компанијата, што значи дека потенцијално ќе изгубите милиони долари. Компанијата прво го демантираше тоа но самиот Алтман подоцна призна дека има такви одредби, ама работат да се смени вордингот.

Еден вработен, Даниел  Кокотајло, сепак одбил да потпише таков договор за да може слободно да каже што мисли за она што се случува во компанијата.

„OpenAI тренира сè помоќни системи за вештачка интелигенција со цел на крајот на сите полиња да ја надмине човечката интелигенција. Ова може да биде најдоброто нешто што му се случило на човештвото, но може да биде и најлошото, ако не продолжиме внимателно. Постепено ја изгубив довербата во раководството на OpenAI и нивната способност одговорно да се справуваат со она што се работи, па дадов отказ, “ рекол Кокотајло за Вокс.

Оние што заминаа, велат дека на Алтман му е најважно да се работи на комерцијализација на производите на компанијата. И неговата реакција по бучниот отказ говори за неговиот карактер:  дека ќе го уништи OpenAI заминувајќи кај конкурентниот Микрософт. Потоа се врати и го наполни одборот со луѓе за кои е сигурен дека ќе климаат со глава и нема да ги предизвикуваат неговите потези.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Врсничко насилство, како да се препознае и превенира, каде затајува општеството

Следно

Модриќ останува во Мадрид уште една година

Latest from Blog

Легендите на клубот се менуваат како на лента… Радосав Петровиќ е нов спортски директор на ФК Партизан

Превирањата, новитетите и промоциите на нови ликови во ФК Партизан периодов се случуваат секојдневно и јавноста во Србија буквално оди со вести во низа кога е во прашање клубот од стадионот ЈНА.

Меџити: Чаир влегува во нова фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека Владата донела одлука за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир, со што, како што наведе, се отстранува последната административна

Катастрофа во Венецуела: Над 43.000 лица водат како исчезнати по разорни земјотреси

Според најновите информации, сè уште нема никаков контакт со 43.251 пријавено лице, иако оваа бројка бележи благ пад во однос на претходниот ден. Официјалните власти соопштија дека досега е потврдена смртта на

Комуналец Прилеп продолжува со уредување и естетско обликување на градското зеленило

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп продолжуваат со активностите за естетско кроење и обликување на зеленилото на повеќе локации во градот. Во рамки на акцијата се уредуваат зелените површини кај Споменикот на

Коњановски: ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ добива современи спортски терени

Започна реконструкцијата на спортските игралишта во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што ќе бидат изградени три нови модерни спортски терени. Увид во почетокот на градежните работи извршија градоначалникот на Општина Битола,
Go toTop