МЗТ на чекор од шампионската титула

May 21, 2024
1 min read

Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа втора победа со 80-75 во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига против Пелистер.

Гостите од Битола започнаа подобро, но тимот од Аеродром пополека влезе во ритам и го презеде водството. Интересно беше во финишот од средбата, кога Пелистер успеа да дојде до три поени разлика (76:73), но домашните беа присебни, а тимот од Битола промаши неколку шута, и не успеа да направи пресврт во мечот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Душан Танасковиќ со 16 поени, Делалиќ додаде еден помалку, додека Војдан и Дамјан Стојановски постигнаа 13, односно 11 поени.

Кај Пелистер најрасположен кошаркар беше Александар Костоски, кој постигна 17 поени.

МЗТ Скопје е на победа од нова шампионска титула, која ќе има можност да ја завери на теренот во Битола. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Невреме во со дожд и град во Липково

Следно

НЕ НИ ПОМИСЛУВА ДА СЕ ВРАТИ ВО БЕЛГРАД: Вељко има свој бизнис на село и куќа на три ката со двор со базен – од ова парите таму најлесно се заработуваат!

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,
Go toTop