Лавров: Израел и САД го спречуваат формирањето палестинска држава

May 21, 2024
1 min read

АСТАНА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека не е можно да се осигури безбедност на Блискиот Исток без формирање палестинска држава и дека Соединетите Американски Држави (САД) и Израел го спречуваат тоа, јавува Анадолу.

Лавров зборуваше на прес-конференцијата по состанокот на министрите за надворешни работи на Шангајската организација за соработка што се одржа во Астана, главниот град на Казахстан.

Наведувајќи дека на министерскиот состанок се разговарало за ситуацијата на Блискиот Исток, Лавров ја истакна важноста од создавање палестинска држава.

„Дојдовме до заедничко мислење дека не е можно да се осигура безбедност во овој регион на Евроазија без формирање на палестинска држава. И Израел и САД, кои го поддржуваат Израел, се обидуваат на секој начин да го спречат овој процес“, порача Лавров.

Што се однесува до политиката на Западот кон Евроазија, Лавров рече:

„Западот, предводен од САД, се обидува да ја преземе контролата врз цела Евроазија. Претставниците на НАТО и на Европската Унија се обидуваат да ги интегрираат своите структури во Азија и да ги потчинат земјите од регионот.“

Говорејќи за мировната конференција за Украина што ќе се одржи на 15 и 16 јуни, чиј домаќин ќе биде Швајцарија, Лавров изјави дека оваа конференција е организирана за да се одрази на мировната формула на ултиматумот на украинскиот претседател Владимир Зеленски и рече:

„Западот сака да ѝ постави ултиматум на Руската Федерација. Апсурдни се напорите да се привлечат земји на конференција за Украина.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Димитриевски е нов голман на Валенсија!

Следно

Туркије и Кина потпишаа Меморандум за соработка во енергетската транзиција

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу
Go toTop