Газа: Петмина загинати во израелските напади врз Рафа, офанзивата се интензивира

May 21, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку пет Палестинци загинаа во серија израелски воздушни напади низ градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, додека нападите во градот се интензивираа, јавува Анадолу.

Медицински извори од Кувајтската болница соопштија дека покрај загинатите, во установата во изминатите 24 часа биле донесени и 11 повредени.

Очевидци изјавија дека израелски воени авиони извршиле напади на три куќи во близина на болницата, целосно уништувајќи ги.

Се јавува и за повремени судири меѓу палестинските групи на отпорот и израелските сили во центарот на Рафа, каде Израел започна копнен напад на почетокот на овој месец и принуди над 810.000 луѓе да избегаат од градот.

Во израелските напади врз Газа, што почнаа по прекуграничниот упад на Хамас на 7 октомври, загинаа над 35.500 Палестинци. Воздушните и копнените напади ја претворија блокираната енклава во урнатини, што доведе до масовно внатрешно раселување и недостиг на средства за основните потреби.

Израел ја презеде контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафа (меѓу Египет и Појасот Газа) кога ја започна својата инвазија на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал Мадрид без Чуамени во финалето на ЛШ

Следно

Романските граѓани ќе можат без виза да престојуваат во Туркије 90 дена

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop