Австралискиот премиер повика да престане кривичното гонење на Асанж

May 21, 2024
1 min read

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска повика да се стави крај на затворањето и гонењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, откако му беше одобрена нова жалба против неговата екстрадиција во САД.

Високиот суд на Велика Британија му дозволи на Асанж да поднесе жалба на неговата екстрадиција, спречувајќи ги напорите на Вашингтон да му се суди на 52-годишниот Австралиец обвинет за оддавање американски воени тајни.

По одлуката, австралискиот премиер ги повтори повиците за прекин на гонењето на Асанж, велејќи дека нема „ништо да се добие“ од неговото затворање.

– Работиме на тоа, изјави австралискиот премиер.

Британската влада ја одобри екстрадицијата на Асанж во јуни 2022 година.

Асанж е во затвор во Лондон од април 2019 година, откако помина седум години во засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Австралискиот премиер на почетокот на годинава изјави дека гонењето на Асанж „не може да трае бесконечно“.

Американските власти сакаат да му судат на Асанж за оддавање американски воени тајни поврзани со војните во Ирак и Авганистан.

Тој е обвинет дека објавил 700.000 доверливи документи за американските воени и дипломатски активности, особено во Ирак и Авганистан, почнувајќи од 2010 година, а во САД се соочува со затворска казна до 175 години.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Евгениј Поп Ацев примен во меѓународната „Куќа на славните“

Следно

Санкционирани 108 возачи во Скопје

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop