Ангеловски во СТУДИО 10: Помина времето кога ќе се симнуваат старите чизми од 2001 година од таван, ДУИ е губитник и има други партии на Албанците

May 20, 2024
1 min read

Од внатрешен аспект, кога министер за надворешни работи беше Никола Димитров ние имавме шарм-дипломатија, но кога дојде Бујар Османи добивме лична дипломатија. Османи работеше за интересеите на АЛбанците и затоа е битно да се направи дедуизација на Македонија. Резолуцијата за Сребреница што е поднесена во ОН со коспонзорство на Македонија го загрозува Дејтонскиот договор и постоењето на Република Српска. Денеска сме сведоци кога меѓународната заедница ја негира својата одлука за организацијата на Босна. Сребреница е локално случување, нема сомнеж дека е злосторство но геноцид не е оти е локална случка, вели Страшо Ангеловски, претседател на МААК Конзервативна партија во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Помина времето кога ќе се симнуваат старите чизми од 2001 година од таван. Јас бев првиот кој почна да зборува за штетните процеси на заевизација и дуизација која помина во грубизација. ДУИ е детронизирана и не смее да се заканува. Велат дека не може влада без Албанци, па што се тогаш тие од албанската опозиција ако не Албанци? Овие избори покажаа дека единствени поразени на овие фронтовски се т.н. европски фронтови – СДСМ и ДУИ. Причината е што тоа беше лажна реторика со која се плашеше народот. СДСМ и ДУИ ни даваа избор ЕУ или изолација, а воопшто не ја споменаа Македонија. За на крајот да излезе Ахмети и да понуди УЧК или Русија како избор, ако Русија воопшто е некој избор. Треба да им се дозволи на младите Албанци да живеат и да се развиваат, а ДУИ имаше единствена амбиција не да се бори за нивните права и благпдат туку за лично богатење, вели Ангеловски.

 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Асанж на чекор до конечна одлука за екстрадиција

Следно

Раперот Дeди призна дека ја тепал својата девојка во 2016 година

Latest from Blog

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот

Општина Битола со поддршка од Владата ги подобрува локалните патишта

Општина Битола во тековната година освен своите програми, ќе реализира и проекти одобрени од вториот повик на Владата за изградба и реконструкции на патишта во населените места во општината. Изградба на коловоз

Општина Битола со апел до сопствениците на напуштени и небезбедни објекти

Општина Битола испрати писмено известување до 24 сопственици на куќи кои претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од куќа врз коловоз или тротоар во градот. Од Општина Битола очекуваат
Go toTop