МИ СЕ ИСПОЛНИ ЖЕЛБАТА ДА ДОЈДЕМЕ НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА СОФИСКАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ПРЕД ИЗВЕДБАТА НА „ВАЛКИРА“ НА 18 МАЈ

May 16, 2024
1 min read

Најдобрите оперски пејачи од Софиската опера и балет, цел Оркестар и цела техничка екипа доаѓаат во Скопје, за изведбата на операта „Валкира“ која ќе се изведе на 18 мај во Националната опера и балет (НОБ) на 52. Мајски оперски вечери (МОВ). Почетокот на претставата е закажан во 18 часот, има три чина и се најавува дека ќе заврши до 23 часот.

Претставата е во режија на Пламен Карталов, член на Бугарската академија на науките, оперски менаџер и професор, кој 16 години е директор на Софиската опера и балет. Ќе диригира Еван Алексис Крист од САД. Меѓу солистите во „Валкира“ се Маријана Цветкова, Мартин Илиев, Ангел Христос, Гергана Русекова, Цветана Бандаловска и Станислава Момекова.

Карталов на денешната прес-конференција рече дека му се исполнила дамнешна желба да дојде Софиската опера и балет на Мајските оперски вечери. Од циклусот Вагнерови опери поставени кај нив, „Валкира“ е најпопуларна и затоа со голема радост ја претставуваат во Скопје.

Говорејќи за творештвото на Вагнер, Карталов рече дека композиторот говорел дека повеќе ги сака актерите отколку оперските пејачи.

„Таква е и неговата музика, Оркестарот не свири, зборува. Оркестарот ја создава врската меѓу музиката и сцената“, рече Карталов.

Според диригентот Еван-Алексис Крист, на секој љубител на операта ќе му се допадне оваа драма, најмногу поради музиката, но и поради историските аспекти.

„Последниве три години имав можност да соработувам со маестро Карталов, кој навистина има голема имагинација и креативност да создава прекрасни сцени од музички аспект. Имавме проби изминативе пет недели и тој постојано зборуваше за светлото и за музиката, како да ја прилагодиме и како да ја искористиме. Ќе видите колку бугарските оперски пејачи имаат неверојатни гласови, прекрасни гласовни способности. Имаат богата традиција, исто како и вие овде, и сметам дека навистина ќе ви се допадне“, рече диригентот.

Директорот на НОБ, Васо Ристов рече дека „Валкира“ е спектакл и дека претставата е речиси распродадена, а уметничкиот директор на Операта, Орце Ицковски кажа дека македонската публика ќе има привилегија за првпат да го слушне во целост ова дело на Вагнер.

Директорката на Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, Антонија Велева, најави дека НОБ во септември ќе гостува во Софија.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дојде време да се забрануваат маски

Следно

Јувентус ќе игра против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп

Latest from Blog

Македонска берза со умерен пад на МБИ10

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.521,52 поени. Во однос

Огромен скандал во Србија… пораки преку Скај апликацијата за ликвидација на Немања Видиќ!!!

Ужасни вести доаѓаат од соседна Србија каде што очигледно никако да се научи лекцијата дека мафијашки ликвидации и функционирање на таков начин носи само хаос и ништо друго. Порталот „КРИК“, и меѓународната

Коњановски: Прва средба со новиот бугарски конзул во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари средба со новиот генерален конзул на Република Бугарија во Битола, Петар Петров. На средбата, Коњановски го запознал конзулот со личната карта на

Низ Европа се шири нова инфекција: Болест од коњи и говеда почна да се пренесува меѓу луѓето!

Здравствените експерти предупредуваат дека низ Европа се шири нова инфекција која ја промени досегашната динамика и почна да се пренесува од човек на човек, пред сè преку сексуален и близок физички контакт.

Претседателот Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во
Go toTop