Нетанјаху за предупредувањето од Бајден: Израел не е вазална држава, во Рафа ќе се случи тоа што е неопходно

May 15, 2024
1 min read

Еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден го предупреди Израел дека голем напад врз милионскиот палестински град Рафа, каде бегалците се засолниле од израелскиот напад врз Појасот Газа, би значело дека „црвената линија е премината“, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на состанок со официјални претставници задолжени за безбедноста рече дека „Израел не е вазална држава“.

На средбата, лидерот на Израел го спореди своето несогласување со Бајден за Рафа со несогласувањето на поранешниот израелски премиер Дејвид Бен Гурион, кој прогласи независност на Израел во 1948 година и покрај противењето на тогашниот американски државен секретар Џорџ Маршал, објави американскиот информативен портал „Аксиос“.

Нетанјаху им порача на членовите на неговиот кабинет дека секогаш знаел да се спротивстави на притисокот од Вашингтон и дека тоа ќе го направи повторно доколку е потребно.

Во интервју за американскиот ТВ канал Си-Ен-Би-Си, премиерот на Израел рече дека неговата земја ќе го направи „тоа што е потребно“ во Рафа и покрај несогласувањето со долгорочниот сојузник на САД.

„Да, не се согласуваме за Газа. Подобро да се каже за Рафа, но ќе го направиме она што треба да го направиме. Понекогаш треба да го направите токму она што е неопходно за да се обезбеди опстанок и иднина. Не можеме да продолжиме ако Хамас повторно ја преземе Газа“, рече Нетанјаху, изразувајќи надеж дека САД ќе се согласат, но дека на крајот тој „мора да го заштити животот на нацијата“. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марфи: САД го сметаат Додик за безбедносна закана

Следно

Османи им се пожалил на дел од странските амбасадори за компромитирање на изборите

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура

Николоски: 130-тонски машини копаат до 28 метри под земја за изградба на најтешкиот дел од автопато Охрид-Кичево

Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот
Go toTop