Запленето оружје во северно Косово, се претпоставува дека останало по нападот во Бањска минатиот септември

May 14, 2024
1 min read

Косовските власти соопштија вечерва дека конфискувале значителни количини оружје во северниот дел на државата, за кое постои сомневање дека останало таму по нападот на српска вооружена група на 24 септември минатата година во Бањска кај Звечан, јави дописникот на МИА од Приштина.

Генералниот директор на косовската полиција, Газменд Хоџа изјави дека полицијата ги обезбедила информациите за местото каде што е пронајдено оружјето од граѓани и од Косовската разузнавачка агенција (АКИ).

Хоџа, заедно со министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, во обраќање пред новинарите вечерва информира дека рациите се извршени во околината на Звечан, односно во тамошната населба Рударе.

Директорот на косовската полиција рече дека меѓу одземената опрема има околу 1.500 парчиња муниција, 10 долги пиштоли, 62 шок бомби, експлозиви, радио врски, полни и празни шаржери и една униформа на српската војска.

Хоџа информира дека едно лице, поранешен косовски полицаец, веќе е приведено, бидејќи се сомничи дека е поврзано со оружјето кое било пронајдено во близина на неговата куќа.

Од нападот на 24 септември во Бањске во Звечан, косовските власти неколкупати презентираа конфискувано оружје во северниот дел на државата, населен со мнозинско српско население.

Во септември 2023 година, српска вооружена група ја нападна косовската полиција во Бањска, при што го уби наредникот Африм Буњаку.

Во размената на огнот што уследи по нападот загинаа тројца од напаѓачите.

Косово тврди дека државата Србија е одговорна за организирањето и извршувањето на нападот, додека Белград го негира тоа, тврдејќи дека тоа било резултат на незадоволството на косовските Срби од однесувањето на Владата на премиерот Албин Курти кон нив.

Одговорноста за нападот ја презеде поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радоичиќ.

Моментно се претпоставува дека Радоичиќ е во Србија, а против него е распишана меѓународна потерница од светската полициска организација, ИНТЕРПОЛ.

Меѓународниот фактор постојано бара од Белград одговорните за нападот да ги изнесе пред правдата.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Лос Анџелес го потврди доаѓањето на Жиру

Следно

ПОЧИНА НОБЕЛОВКАТА АЛИС МАНРО, МАЈСТОРКА НА КУСАТА ПРОЗА

Latest from Blog

Македонска берза со умерен пад на МБИ10

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.521,52 поени. Во однос

Огромен скандал во Србија… пораки преку Скај апликацијата за ликвидација на Немања Видиќ!!!

Ужасни вести доаѓаат од соседна Србија каде што очигледно никако да се научи лекцијата дека мафијашки ликвидации и функционирање на таков начин носи само хаос и ништо друго. Порталот „КРИК“, и меѓународната

Коњановски: Прва средба со новиот бугарски конзул во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари средба со новиот генерален конзул на Република Бугарија во Битола, Петар Петров. На средбата, Коњановски го запознал конзулот со личната карта на

Низ Европа се шири нова инфекција: Болест од коњи и говеда почна да се пренесува меѓу луѓето!

Здравствените експерти предупредуваат дека низ Европа се шири нова инфекција која ја промени досегашната динамика и почна да се пренесува од човек на човек, пред сè преку сексуален и близок физички контакт.

Претседателот Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во
Go toTop