Стручните средни училишта апелираат до полуматурантите да изберат некоја од нивните насоки

May 11, 2024
1 min read

Стручните средни училишта го интензивираа промовирањето на наставните профили за да привлечат повеќе ученици за претстојната учебна година. Џејлане Алиу, професорка во стручното училиште „Димитар Влахов“ рече дека профилите како: преработувач на месо, прехранбен техничар, козметичар техничар и фризер обезбедуваат непосредно вработување по завршувањето на средното училиште.

„Всушност, сè уште останало она дека гимназијата ти нуди повеќе можности, но кога ќе се анализира или ќе се постави на вага, што порано почнуваат средношколците од стручните училишта да добиваат свој личен доход, тоа подобро и затоа треба да се запишат во стручно средно училиште. Учењето преку практична работа кај работодавачот ја зголемува можноста да останат на работа кај тие работодавачи“, рече Џејлане Алиу, стручно училиште „Димитар Влахов“.

Во стручното училиште „8 Септември“ учениците можат да конкурираат за профилите машинство, електротехника, комуникација и геологија.

„Ако го отворите секој конкурс во нашата земја, во секоја компанија, секоја фирма бара машински техничар. Сите овие ученици ќе бидат подготвени да работат со машини, машини кои се управувани од компјутери. Секое семејство многу добро знае дека тригодишните профили како што се парно инсталатер, водоинсталатер, металопреработувач или заварувач се многу барани. Секое семејство има потреба од поправки во својот дом и секое семејство знае колку е тешко да се најдат такви мајстори“, налгаси Фитим Аџами, стручно училиште „8-ми Септември“.

Учениците кои веќе посетуваат стручно образование апелираат до полуматурантите да ги разгледаат програмите на сите стручни училишта пред да го продолжат средното образование.

„Стручното училиште ги отвора вратите за вработување многу порано. Од втора година почнуваме со практична работа. По четвртата година веднаш можеме да се вработиме бидејќи ја имаме практичната работа што ја завршив. Стручните училишта се едноставно училишта кои ти ги отвораат вратите порано од гимназиите“, рече една ученичка.

Запишувањето на учениците во средните училишта ќе се врши преку електронски од 20 јуни до 25 јуни 2024 година. Доставата на потребната документација до училиштата во кои ќе бидат примени учениците, ќе се врши на 20, 21, 24 и 25 јуни./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре направете го ова: ЧУДА СЕ СЛУЧУВААТ НА ДЕНОТ НА СВЕТИ ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ

Следно

Аце од Либеро бенд се ожени со пијанистката Јована: Свадба македонска, убавина безвременска

Latest from Blog

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од

ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија. Од ВЛЕН посочуваат
Go toTop