Ѓоргиев: Главни се мечевите против Грузија и Грција, да го продолжиме патот кон ново Европско првенство

May 10, 2024
1 min read

Александар Љафтов ќе ја пропушти Европската златна лига и ќе се приклучи на подготовките за августовските квалификации за Европското првенство во 2026 година.Потсетување дека првите натпревари од Европската златна лига нашата репрезентација ќе ги има во Струмица на 17 мај против Естонија и два дена подоцна кога противник ќе биде Чешка.

– За мене ова е еден нов почеток, една нова генерација која треба да го помине патот што го помина минатата генерација. Искрено возбуден сум што ќе бидам капитен на овие млади играчи и се надевам дека ќе успееме да им го вградиме тој македонски, победнички дух, и дека ќе го продолжиме патот кон ново Европско првенство. Се собравме минатата недела, работиме добро, почнавме во жесток ритам, искрено изненаден сум од квалитетот на одреден играчи кои ја поминале оваа година, навистина напредуваа.

Исто така пред нас е и Европската златна лига за која не можам да дадам сметки како и што може да се случува, сакам да видам прво како ќе изгледаат пријателските натпревари против Романија, а после и како ќе одиграме во Струмица во првите мечеви пред полна сала, да видиме како ќе реагираме. Оптимист сум, сигурно ќе се бориме за победа, но она главното доаѓа крајот на летото, односно дуелите против Грузија и Грција на 17 и 25 август во квалификациите за ЕП 2026. За мене како и секогаш клучно ќе биде да бидеме здрави, да работиме напорно, да се бориме, да изградиме заедничка атмосфера која нè красеше минатите години и мислам дека можеме да се надеваме на едно убаво и успешно лето – вели еден од најдобрите и најискусните во националниот тим, Никола Ѓоргиев.

Квалификации за Европско првенство 2026

17/18.08.2024 Грузија – МАКЕДОНИЈА

24/25.08.2024 МАКЕДОНИЈА – Грција

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре е Источен петок- Балаклија, се празнуваат и овие светители

Следно

Генералното собрание на ОН повторно ќе расправа за кандидатурата на Палестинците за членство

Latest from Blog

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај
Go toTop