Над 6.000 луѓе на улица: И родители со деца протестираат против учеството на Израел на Евровизија – пејачката минува низ голгота

May 9, 2024
1 min read

Во шведскиот град Малме, каде што оваа година се одржува Евровизија, беше организиран протест против учеството на израелскиот претставник Еден Голан, а полицијата процени дека се собрале меѓу шест и осум илјади луѓе.

Насобраните го извикуваат пропалестинското мото „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“ и „Израел е терористичка држава“.

Локалните медиуми јавуваат дека толпата ги вклучува сите генерации, вклучувајќи ги и родителите со деца.

Шведските власти ја зајакнаа безбедноста и се подготвуваат за можни немири во текот на викендот. Видливо е присуството на полицајци како патролираат по улиците на Малме и, од скутери на вода, низ градските канали, јавија локалните медиуми. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Девет години од вооружената престрелка во „Диво насеље“

Следно

Утре и болните може да се излечат: Првиот петок по Велигден е Балаклија

Latest from Blog

НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

Фабриките во Европа што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави во среда портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова на прес-конференцијата изјави дека европските

Сестрата на Роналдо: Португалскиот народ не заслужува да го има најдоброто!

Откако Кристијано Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација и се огласи за да го потврди своето заминување, масло на оганот додаде неговата сестра Елма Авеиро со жестока објава. „По прес-конференцијата на

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија
Go toTop