Фајон по седницата на Владата на Словенија: „Признавање на Палестина врз основа на границите од 1967 година“

May 9, 2024
1 min read

ЉУБЉАНА (АА) – Владата на Словенија денес го направи првиот важен чекор кон признавањето на независната и суверена држава Палестина, изјави министерка за надворешни и европски прашања на Словенија, Тања Фајон, по седницата на Владата во Љубљана, јавува Анадолу.

Таа изрази надеж дека процедурите ќе бидат завршени колку што е можно поскоро бидејќи Словенија сака да обезбеди крај на злосторствата во Газа, траен прекин на огнот, договор за ослободување на заложниците, безбедност на Израел и мирен соживот на Израелците и Палестинците.

Според нејзините зборови, тие ќе го следат напредокот во регионот бидејќи целта не е само признавање како симболичен чин, туку цел е да се постигне смирување на ситуацијата или крај на војната.

Таа објасни дека Владата ја донела одлуката за започнување на постапката врз основа на границите меѓу Израел и Палестина од 1967 година, што значи дека Палестина ќе ги вклучи Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим.

Исто така, таа истакна дека признавањето дефинитивно не е признание на Хамас.

„Напротив, станува збор за зајакнување на обновената палестинска управа што, исто така, ќе може да ја контролира Газа од Рамала“, рече Фајон.

Шефицата на дипломатијата по напуштањето на владината седница изрази надеж дека истомислениците ќе ја следат Словенија и сами ќе ги познаат процедурите за признавање на Палестина.

Премиерите на Словенија, Шпанија, Ирска и Малта усвоија заедничка изјава на крајот на март на маргините на самитот на ЕУ, во која изразија подготвеност да ја признаат Палестина кога тоа може да се направи ефикасно и околностите да бидат погодни за тоа.

Одлуката за признавање на Палестина Владата на Словенија ќе ја прати до државното Собрание (Парламентот) во рок од еден месец, односно до 13 јуни.

Имено, во Словенија предлогот за признавање на државата го подготвува Владата, потоа мора да го одобри парламентарниот Одбор за надворешна политика, а потоа и Парламентот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа – 9 мај

Следно

Тик-Ток објави дека ќе означува слики создадени од вештачка интелигенција

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop