Обид за убиство на српски политичар во Косово

May 6, 2024
1 min read

Полицијата на Косово потврди дека непознато и маскирано лице вчера во Лепосавиќ, во северно Косово, се обидело да го убие членот на партијата на косовските Срби, Прогресивна демократска партија (ПДС), Марко Јаблановиќ, но атентатот не успеал, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на косовското МВР се наведува дека Јаблановиќ пријавил оти, при влез во локал во Лепосавиќ, забележал маскирано лице со вперен пиштол кон него, но обидот за убиство пропаднал затоа што атентаторот не пукал, веројатно затоа што оружјето откажало.

„Пријавителот изјави дека додека влегувал во кафеана, во негова близина забележал маскирано лице со пиштол в рака, кој го вперил во оштетениот, но тој не успеал да пука. Полициските единици излегоа на местото на инцидентот, додека по налог на обвинител случајот оди во редовна постапка“, се наведува во соопштението на Полицијата.

На чело на ПДС е Ненад Рашиќ, министер за заедници и враќање во владата на Албин Курти. Оваа партија се смета за опонент на нејголемата партија на косовските Срби, Српска листа, која е во отворена координација со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со властите во Белград. Откако пред година и пол се повлече од Владата на Курти и ги повика Србите да ги бојкотираат косовските институции, СЛ оние што не се повинија на повикот ги прогласи за предавници на српскиот народ. Тие се постојано мета на вербални напади преку социјалните мрежи, а на некои од нив им се палени автомобилите и, во еден случај, недвижниот имот.

Заменик министерот за заедници и враќање од редовите на ПДС, Радоица Радомировиќ за вчерашниот обид за атентат ги обвини официјален Белград и поранешниот потпретседател на СЛ, Милан Радоичиќ, по кого е распишана потерница од Интерпол, откако и самиот ја презеде одговорноста како водач на нападот во Бањска, на 24 септември минатата година, кога загинаа косовски полицаец и тројца од српските напаѓачи.

„Трагичниот настан (атентатот врз Јаблановиќ) не се случи бидејќи на напаѓачот му откажало оружјето од типот ‘Шкорпион’. Несомнено е дека зад атентатот стојат белградскиот режим и Радојичиќ и локалните каубојци (поранешните водачи на СЛ), Славко Симиќ и Зоран Тодиќ… Нашироко е познато дека Марко и јас го поддржавме Александар Јаблановиќ да ги донесе потребните промени во Лепосавиќ. Откако Јаблановиќ во Белград се договори со Александар Вулин, со Вучиќ и членот на БИА (Безбедносната информативна агенција на Србија, Бојан) Димиќ дека за малку пари и привилегии ќе се повлече како кандидат за градоначалник на општина Лепосавиќ, Марко… се обиде да си го врати достоинство и да си го земе животот во свои раце“, напиша Радимировиќ на Фејсбук. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оштетени билборди и рекламни паноа на политичка партија во Тетово

Следно

Младите се порака до идните власти – и ние сме дел од Македонија, а не само декор за пред камера

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop